Министерство за животна средина и просторно планирање
Изглед
| Министерство за животна средина и просторно планирање | |
|---|---|
| Податоци за органот | |
| Надлежност | Влада на Македонија |
| Седиште | Скопје, |
| Вработени | 206[1] (2022) |
| Годишен буџет | 651,300 милиони MKD[2] (2018) |
| Надлежен министер | Мухамед Хоџа |
| Мрежно место | |
| moepp.gov.mk | |
Министерството за животната средина и присторно планирање или скратено МЖСПП — едно од министерствата во Владата на Македонија. Формирано е во 1998 година. Претходно, заштитата на животната средина била во надлежност на министерство чиј ресор ги опфаќал урбанизмот, градежништвото и заштита на животната средина. Актуелен министер за животна средина е Мухамед Хоџа.
Надлежности
[уреди | уреди извор]Надлежностите на министерството се[3]:
- следење на состојбата на животната средина,
- заштита на водите, почвата, флората, фауната, воздухот и озонската обвивка од загадување,
- заштита од бучава, зрачење, заштита на биоразновидноста, георазновидноста, националните паркови и заштитените области,
- реставрација на загадените делови на животната средина,
- предлагање мерки за третман на цврст отпад,
- просторно планирање,
- просторен информативен систем,
- надзор од негова надлежност,
- други работи утврдени со закон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.
- ↑ „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.
- ↑ Водич за граѓаните Архивирано на 10 јули 2012 г., Министерство за животна средина и просторно планирање.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место
- Органограм на МЖСПП Архивирано на 13 јуни 2025 г.