Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Министерство за информатичко општестви и администрација
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 193[1] (2017)
Годишен буџет 1,472 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Дамјан Манчевски
Мрежно место
mio.gov.mk

Министерството за информатичко општество и администрација или скратено МИОА, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Надлежностите на министерството се[3]:

-развојот и промоцијата на информатичкото општество;
-креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
-интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
-следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
-телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
-радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
-законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
-надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
-развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
-класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
-водењето Регистар за државните и јавните службеници;
-подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
-развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
-реформата во јавната администрација;
-остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
-врши и други работи утврдени со закон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2018. конс. 2019-06-09. 
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. конс. 2018-11-22. 
  3. Општи информации за министерството

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]