Министерство за труд и социјална политика на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Министерство за труд и социјална политика
МТСП-Лого.svg
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 323[1] (2017)
Надлежен министер Мила Царовска
Мрежно место
mtsp.gov.mk

Министерството за труд и социјална политика или скратено МТСП, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Надлежностите на министерството се[2]:

  • работните односи, вработувањето и вработеноста;
  • пензиско-инвалидското осигурување;
  • заштитата на работниците при работењето;
  • материјалното обезбедување на привремено невработените;
  • платите и животниот стандард;
  • социјалната политика;
  • хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
  • правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
  • односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
  • унапредувањето на рамноправноста на половите;
  • заштитата на децата и малолетните лица;
  • заштитата на младината и жените;
  • заштитата на лицата со пречки во развојот;
  • заштитата на цивилните инвалиди од војната;
  • заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

Структура[уреди | уреди извор]

Министерството е составено од од следниве структурни единици[3]:

Сектори
  • Сектор за труд
  • Сектор за пензиско и инвалидско осигурување
  • Сектор за еднакви можности
  • Сектор за социјална заштита
  • Сектор за испекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита
  • Сектор за заштита на деца
  • Сектор за европска интеграција
  • Сектор за правни, нормативни, општи и заеднички работи
  • Сектор за буџет, финансии и сметководство
  • Сектор за координација и техничка помош на министерот

Покрај овие сектори, како организациони единици функционираат и:

  • Одделение за внатрешна ревизија
  • Одделение за управување со човечки ресурси
  • Одделение за стратешко планирање
Државни советници
  • Државен советник за стратешко планирање
  • Државен советник за труд
  • Државен советник за пензиско и инвалидско осигурување
  • Државен советник за социјална заштита
  • Државен советник за испекциски надзор во социјалната заштита
  • Државен советник за заштита на децата
  • Државен советник за еднакви можности
  • Државен советник за европски интеграции
  • Државен советник за меѓуресорска и меѓусекторка координација
  • Државен советник за финансиски работи
  • Државен советник за испекциски надзор во областа на работни односите и областа безбедност и задравје при работа
  • Државен советник за безбедност и здравје при работа

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]