Министерство за образование и наука на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Министерство за образование и наука
NipNovaMakedonija.jpg
Зградата во која е сместено Министерството за образование и наука
Податоци за органот
Основан 1991¹
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 230[1] (2017)
Годишен буџет 25,179 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Арбeр Адеми
Мрежно место
mon.gov.mk
Белешки
¹Како министерство на Република Македонија

Министерството за образование и наука е министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р. Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година).

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:

воспитанието и образованието од сите видови и степени;
организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство;
верификацијата на струките и профилите во образованието;
ученичкиот и студентскиот стандард;
технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
информациониот систем;
меѓународната научно-техничка соработка;
надзорот од неговата надлежност и
врши други работи утрврдени со закон.

Во состав на Министерството за образование и наука се:

Педагошка служба;
Бирото за равој на образованието;
Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и
Државниот просветен инспекторат.

Бирото за равој на образованието има својство на правно лице.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2018. конс. 2019-06-09. 
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. конс. 2018-11-22.