Мила Царовска
Изглед
| Мила Царовска | |
|---|---|
| Царовска во 2020 година. | |
| Министерка за образование и наука на Република Македонија | |
| На должноста 31 август 2020 – 16 јануари 2022 | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Претходник | Арбер Адеми |
| Наследник | Јетон Шаќири |
| Министерка за труд и социјална политика на Република Македонија | |
| На должноста 1 јуни 2017 – 3 јануари 2020 | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Претходник | Ибрахим Ибрахими |
| Наследник | Рашела Мизрахи |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 6 мај 1984 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Св. Кирил и Методиј |
| Професија | Социјален работник |
Мила Царовска (6 мај 1984 во Скопје) — македонски политичар и поранешен министерка за образование и наука во македонската влада од 2020 и поранешна министерка за труд и социјална политика во македонската влада од 2017.[1] Царовска е дипломиран социјален работник на Институтот за социјална работа при Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 2005–2015 година, Царовска била програмски координатор на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), а од ноември 2015 до мај 2016 година, таа била советник во кабинетот на министерот Фросина Ременски. Царовска по дипломирањето работела во повеќе граѓански здруженија и невладини организации од сферата на трудот и социјалната заштита.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Министерза труд и социјална политика Архивирано на 17 септември 2020 г. Министерство за труд и социјална политика на Македонија
- ↑ Мила Царовска – министер за труд и социјална политика Архивирано на 15 март 2018 г. A1on.mk
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Ибрахим Ибрахими |
Министер за труд и социјална политика 1 јуни 2017 - 3 јануари 2020 |
Наследник Рашела Мизрахи |
| Политички функции | ||
| Претходник Арбер Адеми |
Министер за образование и наука 2020 - 2022 |
Наследник Јетон Шаќири |
| |||||||||||||||||||||||||