Каја Шукова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Каја Шукова (1 јануари 1970 во Скопје) — македонска политичарка и инженерка-технолог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Каја Шукова е родена на 1 јануари 1970 година во Скопје, тогаш во СР Македонија, СФР Југославија. Во 1995 година дипломира на одделот Прехранбена биотехнологија на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во приватниот сектор до 1998 година, кога се вклучува во работата на новоформираното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, денес Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Од 2001 до 2020 година е раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции. Во октомври 2020 година е именувана за државен секретар во МЖСПП. На 27 февруари 2023 година е именувана за министер за животна средина и просторно планирање, наследувајќи го Насер Нуредини.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Министер за животна средина и просторно планирање“. Министерство за животна средина и просторно планирање. Архивирано од изворникот на 2024-01-30. Посетено на 2024-01-30.
  2. „Каја Шукова“. Влада на Република Северна Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-01-30. Посетено на 2024-01-30.