Прејди на содржината

Социјалистичка Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СР Македонија)
Социјалистичка Република Македонија
(СР Македонија)
Федерална единица на

Социјалистичка Федеративна Република Југославија

 

Знаме
 

Грб
Главен град Скопје
Официјален јазик македонски
Основана 2 август 1944
Во СФРЈ:
 - Од
 - До
 
31 јануари 1946
8 септември 1991
Површина
 - Вкупно
 - Вода
4
25.713 км²
1.9%
Население
 - Вкупно
 - Густина
4 (СФРЈ)
2.033.964
79,1 км²
Парична единица Југословенски динар
Часовен појас UTC+1
Портал СФРЈ
Грешка во Lua во Модул:Navbar, ред 62: Invalid title {{{Предлошка}}}

Социјалистичка Република Македонија (скратено СР Македонија) ― името на Република Македонија од 12 април 1963 до 1991 и означувало федеративна република во рамките на СФРЈ. До 12 април 1963 година, земјата го носела името Народна Република Македонија и тоа име и државно уредување било сменето врз основа на Одлуката за прогласување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Народното собрание на Народна Република Македонија, на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите.[1]. Во 1991 година по пат на референдумско изјаснување прогласена е независна Република Македонија.

Територијата која ја опфаќала СРМ, во најголем дел е територијата на Вардарска Македонија. Во текот на своето постоење СРМ, загубила свои делови од територијата кои администртативно влегле и денес се наоѓаат во територијата на Социјалистичка Република Србија. Така сè до 1947 година манастирот Свети Прохор Пчински каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, заедно со општините Прешево, Бујановац, Качаник и Витина, административно биле под СР Македонија и учествувале со свои претставници на заседанијата на АСНОМ, за по 1947 овие територии да влезат во составот на СР Србија заедно со уште некои катастарски општини кои припаѓале на Кумановската општина.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Војна и ослободување на Македонија

[уреди | уреди извор]
Споменик на починатите од Втората светска војна близу Гостивар.

Пред Втората светска војна, територијата на идната република била дел од Кралството Југославија. Вклучена била во Вардарска бановина, една од деветте подрачја на кралството. Кралството на Југославија влегува во втората светска војна во април 1941, откако Силите на Оската навлегуваат во државата. Државата е поделена на неколку фашистички држави и Бугарија го добива делот од југословенска Македонија на 19 април. Западот на територијата, кој главно бил населен од Албанци паднал под контрола на фашистичка Албанија. На почетокот, Бугарите не биле пречекани со огромен отпор и дел од Македонците ги пречекале и како ослободители.[3]

Бугарската доминација која станувала сè поопресивна довела до зголемување на чувствата за автономија. Оваа ситуација ја искористиле комунистите кои го признале и го бранеле македонскиот народ. Македонците во тој период биле поделени во две партии, комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Бугарија. Овие две партии ги поддржуваат правата на Македонците за самоопределба и замислуваат голема балканска федерација низ која голема обединета Македонија (вклучувајќи ги и грчките и бугарските Македонци) ќе добијат автономија.[4] Коминтернот конечно ја назначува Вардарска Македонија на југословенската партија.[5] Македонските комунисти, односно партизани, започнуваат да се борат во 1941 и создаваат единици за саботажа и осамостојување во Скопје, Куманово и Прилеп.[6]

Манастир Свети Прохор Пчињски, во денешна Србија, каде што се одржала првото заседание на АСНОМ.

Во 1942, борбата се засилува и востанијата успеваат во ослободувањето на некои мали региони. Вториот конгрес на Антифашистичко собрание за народно ослободување на Југославија (АВНОЈ) на 29 ноември 1943 ја претставува македонската комунитичка партија и го предвидува за Македонија истиут статус на федерална членка како за Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) го одржува првото заседание во Манастирот Свети Прохор Пчињски на 2 август 1944 година, годишнина на Илинденското востание. За време на ова заседание, „Демократска Македонија“ е прогласена за независна. Истиот месец, се формираат првите македонски дивизии на Народно ослбодителната армија. Во септември, дивизиите броеле 60.000 партизани, поделени во три дивизии и три корпуси.[7] На почетокот на октомври, партизаните држат контрола врз поголемиот дел од селските зони.[8]

Бугарите брзо почнуваат да губат територии. Прилеп, е првиот ослободен град од страна на партизаните на 2 ноември и пред 12 ноември, исто така се ослободени Куманово, Штип, Скопје, Ресен, Битола и Охрид. Партизаните наидуваат на голема опозиција кај Велес, кој е ситуиран во долината на Вардар и им траело два дена исполнети со борба пред целосното влегување во градот на 11 ноември. Тетово е последниот ослободен град на 19 ноември.[8] Во средината на ноември, Силите на Оската се целосно исфрлени и комунистички претставници се поставени во администрацијата[7].

Воспоставување на комунистичка власт во НРМ

[уреди | уреди извор]

Пресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а. Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско[се бара извор].

Македонија се ослободува во ноември 1944 со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. На чело на државата се наоѓа Президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто. Постојат одредени размислувања за целосно ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните македонски единици. Пречка за заминување на македонската војска за Солун се СССР и големите сили договорот од Јалта, кои не се согласуваат со менување на границите на Грција од 1919-1941.

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, не сакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во таа насока, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народноослободителната војна во Македонија[се бара извор]. Предводени од Лазар Колишевски следните години го дезавуираат раководството и скоро сите членови на Президиумот се осудени и отстранети од власта[се бара извор].

Тоа исто така е период на елиминација на осомничените народни непријатели поради соработка со окупаторот[се бара извор].

Борба за власт

[уреди | уреди извор]

Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија. ОЗН-а и служи како инструмент на насилство. На удар на партијата се:

Интелигенцијата доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност[се бара извор]. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.

Раководството на КП преку ОЗН-а јавното дејствување и искажаните мисли и замисли на тие луѓе го оквалификува како „непријателско дејствување против народот и државата“. Иако тие заговарале демократизација на политичкиот живот во земјата, воспоставување и други гласила покрај „Нова Македонија“ (тоа го барал на пример Илија Чулев), ним им е судено како на заговорници за „насилно рушење на државата“[се бара извор]. Методија Андонов - Ченто, на пример, е осомничен за намера да пребега во Грција за таму да формира терористички чети за напад врз властите во југословенскиот дел од Македонија. На тие луѓе им се наместени судски процеси и осудувани се на долгогодишна робија, а некои од нив на смрт. Таков е случајот и со некои гимназијалци, кои, како на пример во Струмица, веднаш се стрелани, а некои други го загубиле животот во затворите.

Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор[се бара извор] за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.

Црковно прашање

[уреди | уреди извор]

Спорот со православното свештенство избива во врска со прашањето за статусот на Православната црква во новата македонска држава. Македонското свештенство бара автокефална Македонска православна црква. Раководството на КПМ ја лансира идејата за Југословенска православна црква, во чии рамки Македонската православна црква би имала автономија. Поаѓајќи од тој став, партијата го осудува барањето на свештениците за автокефална Македонска православна црква прогласувајќи го за сепаратистичко и непријателско кон државата. Бидејќи би се компромитирала ако јавно брани таква политика, партијата преку ОЗН-а и преку нејзините соработници настојува и успева да конструира случаи за компромитација на угледните свештеници во тоа време, тврдејќи дека тие се крадци и неморални, за да може да ги затвори и осуди.

Бидејќи припадниците на интелигенцијата, на економски имотниот слој на градот и на селото и на свештенството не биле меѓусебе политички и организациски поврзани, КП зазема став во најголем дел од судењата на таквите луѓе да се докаже нивна поврзаност со ВМРО на Ванчо Михајлов[се бара извор].

Државен терор

[уреди | уреди извор]

Имено, ВМРО како политичка организација на Македонците можеше да биде центар што би прераснал во политички конкурент на КП. Намерата, пак, процесите против противниците на КП без оглед на кој слој на населението припаѓале, да бидат водени така што ќе се докаже дека обвинетите биле поврзани со ВМРО на Ванчо Михајлов, имала цел осудуваните да ги поврзе со терористичка организација и споменот за ВМРО да остане само спомен за она што било под раководство на Ванчо Михајлов[се бара извор]. Специфична непријателска средина партијата утврдила во малцинствата, особено во турското и во албанското малцинство, и спрема тие луѓе е водена политика на елиминација.

Целта на раководството на КП била да создаде општество во Македонија во согласност со ленинистичките принципи на Комунистичката партија. Се барало и интелигенцијата и свештенството да се приспособат на тие принципи и да се елиминира секаква можност на слобода и плурализам во економијата, во политичкиот и во општествениот живот. Паралелно се градеа и институциите на македонската држава, првпат во поновата историја. Но и тој процес и' беше подреден на потребата од комплетна доминација на КП во животот на македонското општество. Затоа беа елиминирани барем половината од оние што ги градеа државата и државните институции. Така на пример, од вкупно 22 члена на Иницијативниот одбор на АСНОМ, 10 члена се изложени на репресија, а од вкупно 22 члена на Президиумот на АСНОМ, 11 се изложени на репресија[се бара извор].

Според првата и единствена официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.

Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт, затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО[се бара извор].

Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници[се бара извор].

Прва влада на НРМ

[уреди | уреди извор]

Првата Влада на НРМ е формирана на 16 април 1945 година со одлука на Третото заседание на АСНОМ. Нејзин прв претседател беше Лазар Колишевски. Како приоритетни цели во програмата на првата Влада беа посочени: подобрување на здравствената заштита, борба против неписменоста, озаконување на азбуката и правописот на македонскиот литературен јазик, развој на училиштата и формирање универзитет, развој на народно судство, борба против бирократијата и демократизација на органите на народната власт со спроведување слободни и тајни избори.

Напредување на републиката

[уреди | уреди извор]
Претседателот Тито во посета на Спомен костурницата во Куманово, 7 ноември 1972

Во 1945, ситуацијата во Македонија е тешка поради чекорите кои требале да се преземат за да се создаде економски и социјален напредок. Било потребно да се кодифицира стандардниот македонски јазик, да се напишат речници, да се отворат училишта, да се воспостават медиуми и национална култура, да се изградат фабрики и електрични централи.[9] Неписменоста кај населението била 64% во 1944 и отворање на училишта е еден од првите цело на новиот режим. Додека постоеле само 843 училишта во 1939, нивниот број се зголемил на 1487 во 1951. Комунистичките закони им дозволиле на децата од малцинствата да добијат пристап до образование на нивниот мајчин јазик, и истата година имало 1148 училишта на македонски јазик, 214 училишта на албански, 112 на турски и 13 на спрски јазик кои заедно броеле 177.579 ученици. Во 1959, овој број достигнал 211.556 и во 1973 330.698[10]. Неписменоста значително опаднала: во 1953 40.3% од населението сè уште било неписмено додека во 1988, 10.9%. Овој резултат бил незначителен во споредба со тој во богатите републики како Словенија, но е подобар од тој во Босна и Херцеговина (14.5%) и Косово (17.6%), во 1988.[11].

Македонскиот јазик се кодифицирал во 1945 година. Дијалектот зборуван во главниот град Скопје се сметале за близок кон српскиот јазик и поради тоа дијалектите од Битола и Велес биле одбрани како тие за стандардизација на јазикот; македонската азбука била прифатена на 3 мај, а правописот на 7 јуни во истата година.[12] Воспоставувањето на македонската црква независна од српскиот патријархат е уште еден голем момент за македонската нација и уште една од ретките соработки помеѓу водичите на верата и тие на социјалистичката држава. Архиепископијата во Охрид, која исчезнала во 18 век, била повторно поставена во 1958 и нејзината автокефалија е прогласена во 1967. Српската црква одбива да ја признае независноста. Односите помеѓу македонската црква и македонските власти останале добри, особено поради тоа што двете требале да се соочат со албанскиот национализам и исламизацијата на државата.[12] Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), уште една голема национална институција била основана во 1967.[13] Државата го добила името Социјалистичка Република Македонија во 1963.

Криза во 1980-те

[уреди | уреди извор]

Социјалистичка Република Македонија била соочена со економска и социјална криза во текот на 1980-те како и остатокот на Југославија. Економската криза зпаочнала со нафтената криза во 1970-те и се зголемила поради огромниот долг на републиката, од околу 20 милијарди долари кој бил позајмен со цел да се развива стопанството.[14][15] Републиката престанала да привлекува инвеститори, економскиот пораст почнал да стагнира и квалитетот на живот да се намалува.[14] Во 1988, стапката на инфлација достигнува 250% и 27% од активната популација е невработена. Бројката на невработеност била под југословенскиот просек (16,2 %) и имала огромна разлика со таа во Словенија, каде што стапката на невработеност изнесувала само 1.7%. Истата година, бруто-домашниот производ врз жител не достигнал повисоко од 1.399.000 динари за Македонија, додека југословенскиот просек бил 2.045.000 динари а тој на Словенија 3.140.000 динари.[15]

Економската криза довела и до зголемување на етничките тензии помеѓу двете најголеми народи, Македонците и Албанците. Растењето на албанскиот национализам доведува до зголемување на македонскиот. Така во 1987 година, 100 албански официјалци од Тетово биле отпуштени поради „идеолошки разлики“. Се случуваат големи протести на Албанците во 1988 во Куманово и Гостивар и следната година е прилагоден македонскиот амандман.[16] Додека претходно, републиката била дефинирана како „Држава за македонскиот народ и на турските и албанските малцинства“, новата дефиниција вклучувала „држава-нација на македонскиот народ“. Албанското малцинство реагирално преку петиции, но ситуацијата останала релативно мирна.[17]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Македонија по Втората светска војна во Југославија влегува како економски најнеразвиена и од војната најопустошена република. Со доаѓањето на комунистичката власт, македонската економија и стопанство почнуваат коренито да се изменуваат и градат во советскиот социјалистички тип на планирано стопанство. Мерките на колективизација и насилната национализација (одземање на приватната сопственост на земјоделското и останатото земјиште на граѓаните) катастрофално ќе се одразат на македонското село. Во исто време започнува и засилена индустријализација на градовите, со што се предизвикува масовен прилив на селско население во градовите. Со изработката на првите петогодишни планови (петолетки) економската состојба и инфраструктура во Македонија почнува да се гради и да напредува со незапирлив подем. Се започнува со електрификација на градовите и селата, а во овој период на индустријализација се градат и најголемите индустриски капацитети. Договореното стопанство во СР Македонија, доаѓа во целосен колапс и пропаст кон крајот на осумдесеттите години на XX век, за целосно да крахира со распадот на СФРЈ кога се губат тогашните сигурни пласмани на производите на македонските претпријатија на пазарот во Југославија.

Македонија главно го снабдувала југословенскиот пазар со земјоделски производи, градинарски култури и ран зеленчук, овошје, тутун и цигари, челик за бродоградба, текстилни производи и полуфабрикати кои најчесто биле дофабрикувани во Словенија и Хрватска, а подоцна се извезувале и во странство и се пласирале како словенечки и хрватски производи.

Сепак, Македонија поради разни околности, била во подредена економска положба во однос на поголемите републики особено на Србија. Поради тоа, економскиот развој во Македонија се задржал само во педесеттите и шеесеттите години на XX век, додека во седумдесеттите и осумдесеттите се забележувале знаци на економска стагнација, додека републики како Словенија, Хрватска и Србија економски напредувале во однос на останатите.

Државни симболи

[уреди | уреди извор]

АСНОМ во 1944 година го усвоил првото знаме на Македонија. Тоа било со црвена позадина со жолта ѕвезда на средината. Во 1946, откако републиката влегла во југословенската федерација, ѕвездата била ставена во горниот лев агол.

Грбот исто така бил адаптиран во 1946 и го користел дизајнот кој бил прифатен на АСНОМ во 1944. Дизајнот го симболизирал сонцето кое се крева над државата и ја симболизира слободата која се шири во Македонија. Централните фигури посочуваат кон Шар Планина со врвот Љуботен на планината Кораб. Под планината е претставено бранувањето на реката Вардар и на Охридското Езеро. На почетокот, претставената планина ја симболизирала планината во Пирид во македонска Бугарија. Опкружени се со пленица (во горниот дел) и со афион во позадината (во долниот дел) кои ја симболизираат флората и земјоделството во државата. Исто така е претставен и мак, растение кое било воведено во Македонија за време на Османлиското Царство и народни дезени. На врвот е зачувана црвената ѕвезда, симбол на комунизмот.

Раководство

[уреди | уреди извор]

Претседатели на АСНОМ

[уреди | уреди извор]
Видете: АСНОМ

Претседатели на Президиумот на Собранието на НРМ

[уреди | уреди извор]

Претседатели на Собранието на НРМ (од 7 јули 1963 - СРМ)

[уреди | уреди извор]

Претседатели на Претседателството на СРМ

[уреди | уреди извор]

Премиери на НРМ/СРМ

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Одлука за прогласување на уставот на Социјалистичка Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 12 април 1963. стр. 217. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-05-11. Посетено на 11 ноември 2023.
  2. Според Славе Димитрија Талевски „Границите на Република Македонија“.
  3. Lampe 2000, стр. 207.
  4. ASNOM et Armée nationale de Libération. Point de vue communiste. стр. 18.
  5. Lampe 2000, стр. 102
  6. „The Vardar Part of Macedonia during the War of National Liberation“. Foundation Open Society Institute Skopje. Архивирано од изворникот на 2012-04-20. Посетено на 18 јуни 2020.
  7. 7,0 7,1 Georgieva & Konechni 1998, стр. 19.
  8. 8,0 8,1 Rossos 2008, стр. 203
  9. Georgieva & Konechni 1998, стр. 22
  10. Georgieva & Konechni 1998, стр. 98
  11. Lampe 2000, стр. 340-341
  12. 12,0 12,1 Poulton 2000, стр. 116.
  13. „Вовед во академијата“. Македонска академија на науките и уметностите. Архивирано од изворникот на 2011-04-20. Посетено на 18 јуни 2020.
  14. 14,0 14,1 Rossos 2008, стр. 246
  15. 15,0 15,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Georgieva p.23.
  16. Poulton 2000, стр. 128-130
  17. Poulton 2000, стр. 133

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]