Кожуф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кожуф
Кожуф.jpg
Поглед кон планината
Највисока точка
Надм. вис. 2166 м
Матичен врв Зелен Брег
Географија
Кожуф се наоѓа во Македонија<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -700%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Кожуф
Местоположба на планината на македонско-грчката граница
Место  Македонија
 Грција
Покраина MK
Матичен венец Кожуф

Кожуф (грчки: Τζένα, Ѕена) е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција. Највисок врв на Кожуф е врвот Зеленбрег висок 2.171 метар.

Местоположба и правец на протегање[уреди | уреди извор]

Планината Кожуф зафаќа површина од 893 км2[1]. Се протега на територијата на две држави: (Република Македонија и Република Грција), при што во границите на Република Македонија, Кожуф опфаќа територија од 80 проценти а останатите 20 проценти се во територијата на Република Грција. Кругот на територијата на планината Кожуф започнува од најсеверната точка-вливот на реката Бошавица во реката Вардар кај Демир Капија. Границата оди по течението на реката Вардар а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на Демиркаписката клисура. Ја преминува државната граница на Република Македонија и во близина на селото Лумница (850 м.н.в) на територија на Република Грција продолжува на запад одвојувајки ја планината Пајак, северните страни на Мегленската долина и доаѓа до седлото Пуљевац (1165 м.н.в) продолжува кон Мрежичко. Тука е границата со Козјак планина. Од Мрежичко преку Мушов гроб (1019 м.н.в) ја зафаќа северната страна на висорамнината Витачево, доаѓа до реката Бошавица.

Кожуф се протега во правец југозапад-североисток и има заоблено и нерасчленето планинско било[1]. Поточно, планината Кожуф има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток.Од Пуљевац (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в), доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф - Зелен брег (2171 м.н.в) потоа се спушта до седлото Марково езеро (2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.), па преку Мала рупа (2004 м.н.в) и преку Сува рупа (1960 м.н.в) да дојде до селото Љумница.

Врвови[уреди | уреди извор]

Врвот Чичи Каја фотографиран од локалитетот Смрдлива Вода

Планината Кожуф има 8 (осум) двеилјадни врвови и тоа :

Природни одлики, растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

Кожуф изобилува со огромен воден потенцијал од која извират многубројни реки. За планинарите и љубители на планината реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зеленбрег до вливот во Вардар нема никаков индустриски објект кој ја загадува. Таа е најчистата река во која опстојуват пастрмката, кленот, ракот и други. На Кожуф сè уште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал од страна на криволовците веќе 2-3 децении го нема еленот, а одвреме навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места мигрира од планини во Грција и Македонија кон Кожуф. Растителниот свет е богат со најразновидни видови, но најатрактивни се лековитите билки и дрвото (Arbutus andrachne) или во народот познат како „гол човек“, кој е заштитен со закон. „Гол човек“ е ендемичен вид зимзелено дрво чија кора е со црвена боја и лушпеста, а која се менува двапати годишно. Таа е нежна како човечката кожа и оттаму потекнува народното име на дрвото.[2]

На надморска височина од 850 метри се наоѓа локалитетот Смрдлива Вода, познат по изворот на минерална вода со специфичен мирис и со лековити својства, кои се користат за лекување на заболувања на желудникот и на бубрезите.[3]

Туризам[уреди | уреди извор]

Денес, на површина од 2.000 хектари, на Кожуф се наоѓа скијачки центар чија изградба започнала во 2001 година. Центарот е најсовремено опремен и располага со два ски-лифта, со капацитет на носење по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед (единствен од таков тип на Балканот), ресторан, бачило, 16 апартмани и скијачки патеки во должина од 16 км. Овој центар располага и со опрема за вештачки снег. Во далечната 1953 година, на иницијатива на Даре Џамбаз и Планинарскиот сојуз на Македонија, со група млади ентузијасти бил изграден домот на Висока чука (на 1.100 м.н.в). Долги години, домот бил место на средби на планинари и љубители на планината, но подоцна тој бил запуштен и неупотреблив. На падините на Кожув се наоѓа селото Конопиште коешто било единствена општина во Македонија чие седиште се наоѓа на планината Кожув. На највисоките делови на планината се развиени изворишните челенки на реките: Дошница, Бошава, Блаштица и др.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Андоновски, Томе (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 707. 
  2. Александар Матески, „Кожув“, Економија и бизнис, година 18, број 214, април 2016, стр. 104-105.
  3. Александар Матески, „Кожув“, Економија и бизнис, година 18, број 214, април 2016, стр. 104-105.
  4. А. Стојмилов, Физичка географија на Р. Македонија, ПМФ, Скопје, 2003.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Кожуф — „Македонски Бисер“