Диминик

Координати: 40°28′56″N 21°16′45″E / 40.4823° СГШ; 21.2791° ИГД / 40.4823; 21.2791
Од Википедија — слободната енциклопедија
Диминик
Πέτρα
Диминик на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.802 м
Координати40°28′56″N 21°16′45″E / 40.4823° СГШ; 21.2791° ИГД / 40.4823; 21.2791
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија
Матичен венецНередска Планина
Карта

Диминик[1] (грчки: Πέτρα, Πετράδες; Петра, Петрадес) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.[1] Висока е 802 м.

Опис[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во средишниот дел Костурско, над југозападниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Се протега во правец северозапад-југоисток, и на југоисточното подножје се наоѓа селото Дупјак. Преку седлото Рупата во нејзиниот северен дел се граничи со Црна Планина.[1] Во планината се наоѓа пештерата Духло, како и рушевините на црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“.

Револуционерот Георги Христов напишал за планината:

На северозапад од полето се издигаат од запад кон исток два издолжени и карпести рида — Црна Планина и Диминик. Една тесна падина ги двои еден од друг. Меѓу коритата на р. Бистрица и Костурското Езеро, од каде ридовите личат на мали планини, под врвот Бигла планината се спушта кон југоисток во ниско седло, кое постепено се издига и оди по билото на ридот Црна Планина, во неговата најниска точка. Под него полето се издига и образува нешто како залив, по чиј североисточен брег патот Рупишта - Костур прави завој и излегува на билото до истата точка. Ридовите се спуштаат кон сите страни стрмно, поради што се тешко проодни. Едниот е составен од лесно трошливи црни карпи со груба и нерамна надворешност, а другиот од варовнички, со пријатен изглед, небаре природните сили грижливо и рамномерно дејствувале и дејствуваат за да не му ја набрчкаат и нагрдат површината. Одвоени, нели се тоа врвови на некогашен втонат терен?[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.