Д’мбенска Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Д’мбенска Планина
Μπούτσι / Μάλι Μάδι
Највисока точка
Надм. вис.1.795 м
Координати40°38′41″ N; 21°08′23″ E / 40.6446° СГШ; 21.1396° ИГД / 40.6446; 21.1396Координати: 40°38′41″ N; 21°08′23″ E / 40.6446° СГШ; 21.1396° ИГД / 40.6446; 21.1396
Географија
МестоПреспанско и Костурско, Егејска Македонија
Деволско, Албанија

Д’мбенска Планина (Малимади, Буче, Костолата или Орлово; грчки: Μπούτσι, Буци или Μάλι Μάδι, Мали Мади) — планински масив во западниот дел на Егејска Македонија кој достигнува 1.795 м. Сместен е во јужниот дел на општината Преспа, по границата со Албанија. Крајните југозападни делови на Д’мбенска Планина (гледана во целина) влегуваат во Албанија. Значаен дел од овие планински краишта спаѓаат во историско-географската област Корешта.

Географски одлики[уреди | уреди извор]

Геолошка градба[уреди | уреди извор]

Планината е изградена од седиментни карбонатни карпи, главно бело-сиви тријаски и јурски варовици, а во помала мера и доломити. Има и силикатни карпи. Варовниците се силно закарстени, со мноштво типични површини и подземни облици.[1][2]

Врвови[уреди | уреди извор]

Највисока точка е врвот Буче (или Бучје; Ανεμοδαρμένη, Μπούτσι или Πυραμίς) со 1.795 м близу с. Брезница.[3]

Други врвови на планината, дадени по висински редослед, се следниве:[4][5][6][7][8][9][10]

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба Земја
Костолата, Буче Κωστώλα, Βούτσι и Όρλοβο 1.713 2 км ССИ од Д’мбени Грција
Орлово Αετορράχη и Όρλοβο 1.685 2 км СИ од Д’мбени Грција
Рабадина Ύψωμα Γρέσκου, Ραμπατίνα 1.681 3,5 км ЈИ од Смрдеш Грција
Κοφτερό 1.660-1.560 3 км ССИ од Д’мбени Грција
Малимади Ύψωμα Παπαθανασίου, Μάλι Μάδι 1.659 4 км СЗ од Д’мбени Грција
Мечкина Тумба Μεσκίνα 1.652 3 км С од Д’мбени Грција
Полени Πολένι 1.621 4 км Ј од Брезница Грција
Караули Παρατηρητήριο, Καραούλι 1.591 4 км С од Д’мбени Грција
В’лкана Πετροβούνι 1.580 2,5 км ИЈИ од Смрдеш Грција
Самовилска Гр’ндка Μοναχικό, Σαμοβίτσα Γρέκα 1.555 1 км ЈИ од Смрдеш Грција
Попова Нива Παππαδοχώραφα, Πόποβα Νίβα 1.540 5 км С од Д’мбени Грција
Брезница Μπουκούρης, Μπρέσνιτσα и Μπρενίτσα 1.533 2 км Ј од Брезница Грција
Скрка Ανώμαλη и Σκόρκα 1.506 4,5 км СЗ од Д’мбени Грција
Πυχτό 1.500 4 км ССИ од Д’мбени Грција
Франговица, Куле Κουλέ, Φραγκόδιτσα 1.420 2 км СЗ од Д’мбени Грција
Чунгија Ανάρραχη и Τσούγκια 1.400 2 км ССЗ од Д’мбени Грција
Кукувичина Κούκκος, Κουκουβίτσινα 1.352 1,5 км СИ од Косинец Грција
Смрдеш, Плешовец Πλεζοβίτς, Ορόσημο Σμαρδέσι и Πλασόβιτσε 1.343 3 км ЈЗ од Смрдеш Грција Албанија
Κολοκοτρώνης 1.323 1 км СИ од Косинец Грција
Куле Κουλέ 1.320 2 км СЗ од Д’мбени Грција
Орлово Αετός и Όρλοβο 1.285 2 км ЗСЗ од Д’мбени Грција
Усој, Д’мбен Βαλανιδιά, Οσόϊ и Ντέμπεν 1.275 3 км ЈЗ од Габреш Грција
Чучура Τσούτσουρα, Τσούσερα 1.271 2 км ЈЗ од Габреш Грција
Почила Απαλό, Ποτσίλα Λουμάτο и Πότσιλα 1.260 2 км ЗСЗ од Габреш Грција
Костенец Κωστενέτσι 1.231 1,5 км ССЗ од Косинец Грција
Корпес Κορφές, Κορπές 1.224 1,5 км СЗ од Габреш Грција
Крумница Μεγάλη Πλαγιά, Κρουμνίτσα 1.200 3 км ЈЗ од Смрдеш Грција
Свети Атанас Άγιος Αθανάσιος 1.183 1 км ЈИ од Косинец Грција
Палик, Пулику 1.163 1 км И од Капештица Албанија
Бојко Φύλακες, Μπόϊκο 1.140 2 км ЈИ од Брезница Грција
Гренда Γκρέντα 1.127 4 км СЗ од Косинец Грција Албанија
Градишта Καστράκι, Γκραδίστα и Γκραντίστα 1.122 3 км ЈИ од Д’мбени Грција
Кутуди, Арбениска Κουτούδι, Αρμπόνισκα и Αρμπενίσκα 982 3 км С од Сливени Грција
Јани Кефали Γιάννη Κεφάλι 980 2 км Ј од Д’мбени Грција
Πλατύδρομος 957 4 км ССИ од Света Недела Грција
Широка Ружица Καλόγηρος, Συροκοραζίσα 955 3 км СЗ од Сливени Грција
Света Недела Καστράκι, Σφέτα Νεδέλα 869 1 км С од Света Недела Грција
Колица Κόλιτσα 860 4 км С од Света Недела Грција
Кефали Евреју Εβραίου Κεφάλι, Κεφάλα Εβραίου 853 2 км З од Сливени, паметник Грција

Клима[уреди | уреди извор]

Климатските одлики на Д’мбенска Планина се исти како оние на соседниот масив Корбец.

Води[уреди | уреди извор]

Д’мбенска Планина е безводна планина на чии била нема реки со постојан тек. Причина за ова е геолошката градба и претежно карастниот карактер на планината. Планинското било се одвонува од разни кратки суводолици, од кои позначајна е Осово кај Габреш.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во границите на Д’мбенска Планина има 9 села. Од нив три се во Албанија — Капештица, Трстеник и Курила.

Во Егејска Македонија (т.е. во денешна Грција) се селата Смрдеш, Брезница, Габреш, Д’мбени, Косинец, Света Недела и напуштеното село Лобаница.

По јужните падини има пет историски села — Колишта, Селско (или Горјани), Свети Јован, Свети Илија и Умени, напуштени од жителите во немирните времиња на XIX век за да го основат денешното село Косинец.

Во османлиско време Д’мбенска Планина била населена претежно со Македонци. По војните на почетокот од XX век, селата претрпеле значајни промени како во бројноста на жителите, така и во нивниот етнички состав. Некои села значително се смалиле, а други биле напуштени поради масовната преселба во Бугарија, САД, Канада, Австралија и други држави. Со прогонувањето на Македонците, дел од населението се преселило во денешна Македонија. Грчката управа на нивно име населила влашки и грчки семејства, додека пак деволските села го зачувале својот мешан македонско-албански или наполно албански карактер.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anovski et al. Progress In Study Of Prespa Lake Using Nuclear And Related Techniques, 2001
  2. Νταγκουνάκη, Κωνσταντίνα. Αξιολογηση ανθρακικΩν πετρΩματΩν τησ δυτικησ Μακεδονιασ και μελετη εφαρμογησ τουσ σε κεραμικα και υαλουσ, 2006
  3. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 426. ISBN 978-960-86676-6-2.)]
  4. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 3. Ορεινά τοπωνύμια. Βουνά - Κορυφές - Οικισμοί - Καταφύγια - Χιονοδρομικά κέντρα. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 1280. ISBN 978-960-86676-7-9.)]
  5. Топографска карта Sheet D4 Korçë, GSGS 4439 Series Reproduced from M.D.R. 610/9877. Greece (Albania) 1:100,000, 1944
  6. Топографска карта, лист К-34-127-А Капештица, серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
  7. Топографска карта, лист К-34-126-Б Горица (Корча), серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
  8. Топографска карта, лист К-34-115-В Желево, серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
  9. Топографска карта, лист 831 Лерин, серија „ТК100“ 1:100.000 на Војногеографски институт, ЈНА, 1987
  10. Туристичка карта „Prespa, Vitsi, Voras Walking Map“ 6.2 изд. Anavasi, 1:50,000, 2014