Дупјак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дупјак
Δισπηλιό
Реконструкција на неолитската населба
Реконструкција на неолитската населба
Дупјак is located in Грција
Дупјак
Дупјак
Местоположба во областа
Дупјак is located in Костур (општина)
Дупјак
Местоположба на Дупјак во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°28′N 21°17′E / 40.467° СГШ; 21.283° ИГД / 40.467; 21.283Координати: 40°28′N 21°17′E / 40.467° СГШ; 21.283° ИГД / 40.467; 21.283
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно976
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Дупјак (грчки: Δισπηλιό, Диспилио, до 1926 г. Δουπιάκοι, Дупјаки)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур во Костурскиот округ, Грција. Познато е по богатите неолитски остатоци и натписите на дрвената Дупјачка таблица стара околу 7200 години.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри југоисточно од градот Костур на јужниот брег Костурското Езеро во историско-географската област Пополе на патот од Костур за Рупишта (Аргос Орестико). Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри. Името на Дупјак доаѓа од двете пештери (дупки), распоредени до селото. Во 1926 г. името е сменето во Диспилион, што е буквален превод со значење „две пештери“.[3]. Во селото има четири мостови со традиционална архитектура — Ѓоле (Γκιολέ), Чешме (Τσεσμέ), Лакос (Λάκος) и Грановода (Γκρανοβόντα)[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Во XV век во Дупјак е евидентирана 31 глава на домаќинствата[5]Во османските даночни записници од средината на XV век, Дупјак е споменат со 18 семејства на Никола, Стајо, Јован, Лука, Јано, Проди, Ѓурко, Сирак, Димо, Мануел, Димо, Папа, Јано, Богоја, Настек, Којо, Коста и Димо, и една вдовица Мара. Вкупниот приход за царството од селото изнесувал 1.818 акчиња[6].

Во делото „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ издадено во Цариград во 1878 г. во кое е претставено машкото население од 1873 г., Дупјак се состоело од 50 семејства со 152 жители Македонци.[7][8]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дупјак имало 480 жители Македонци[7][9].

Во почетокот на XX век селото било меѓу ретките во Костурско под врховенство на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархскиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живеале 640 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште[7][10].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 г. биле евидентирани 252 жители, додека на пописот од 1920 г., во селото биле евидентирани 219 жители. Во 1927 г., селото било прекрстено во Диспилио.[12]Во текот на Втората светска војна, селото било заземено од Германците[13]. По Лозанскиот договор, голем број на Грци биле населени во селото од Мала Азија.

Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна бидејќи се наоѓа во близина на Костур, и во селото во овој период се населиле жители од соседните села.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 г. селото броело 264 жители.[14], додека во 1940 г. селото броело 257 жители.

Селото во пописот од 1951 г. броело 431 жител, на пописот од 1961 г., во селото живееле 377 жители, во 1971 г. имало 3491 жител, во 1981 г. имало 747 жители, додека во 1991 г. имало 1011 жители[15]. Денеска, населението на селото е 976 жители според пописот од 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 257 431 377 391 747 1011 1186 976
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во 1932 г. за време на сувата зима, Костурско Езеро се повлекло и биле откриени остатоци од праисториска населба. Грчките археолози под водство на Антониос Керамопулос започнале ископувања на теренот во 1935 г. и откриле остатоци од градби и чамци. Ископувањата биле запрени во 1940 г. поради Италијанско-грчката војна, но подоцна во 1965 г. испитувањата продолжиле.

Во 1992 г. нова екипа на чело со Георгиос Хурмузијадис, професор по праисториска археологија на Солунскиот универзитет, започнал повторни ископувања. Населбата кај Дупјак била населена од крајот на средниот неолит (5600-5000 г. п.н.е.) до крајот на неолитот (3000 г. пр.н.е.)[16]. Во текот на ископувањата биле откриени керамика, дрвени структурни елементи на згради, семиња, коски, лични орнаменти, флејти (едни од најстарите во Европа) и што е најважно — дрвената Дупјачка таблица врз која има знаци или некаков натпис од VI милениум п.н.е.

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Δισπηλιό: Επιστροφή στο 6.000 π.Χ., Ειδικό αφιέρωμα περιοδικού Γεωτρόπιο τεύχος 60 σ. 76-79 (Ιούν. 2001)
  • Χουρμουζιάδης Γ. Το Δισπηλιό Καστοριάς : ένας λιμναίος προϊστορικός οικισμός, Κώδικας, 1996
  • Χουρμουζιάδης Γ. Δισπηλιό, 7500 χρόνια μετά, Θεσσαλονίκη, 2002.
  • Χουρμουζιάδης Γ. Ανασκαφής Εγκόλπιον, Αθήνα, 2006.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Δισπηλιό
  3. Портал на поранешната општина Македон
  4. Сайт на област Западна Македония
  5. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  6. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 84.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  12. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  13. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  15. Folketeljing 2011, revidert
  16. RADIOCARBON DATING OF THE NEOLITHIC LAKESIDE SETTLEMENT OF DISPILIO, KASTORIA, NORTHERN GREECE by Yorgos Facorellis, Marina Sofronidou, and Giorgos Hourmouziadis; Radiocarbon, Vol 56, Nr 2, 2014, p. 511–528, DOI: 10.2458/56.17456

Надворешни врски[уреди | уреди извор]