Костур (општина)
Општина Костур Δήμος Καστοριάς | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Костур |
Гео. област: | Костурска Котлина |
Население: | 34 408 (2001) |
Седиште: | Костур |
Нас. места: | 55 |
Пошт. бр.: | 520 00 |
Пов. бр.: | 24670-2 до 3 |
Портал: | kastoriacity.gr |
Костур (грчки: Δήμος Καστοριάς, Димос Касторијас) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Костур.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општина Костур е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на девет административни единици — општините Костур, Света Троица, Четирок, Корешта, Свети Врач, Македон (Македни), Вич, Клисура и општинската целина Кастраки.
Напомена: Називите на општините „Кастраки“ и „Македни“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место. Општините Света Троица и Свети Врач се наречени по манастирите што се наоѓаат на нивна територија.
Општинска единица Вич[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Вич со седиште во Тихолишта (Тихио) има 1 473 жители (2001) и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тихолишта
- село Тихолишта (Τοιχίο, Тихио) (758 жители)
- Општински оддел Блаца
- село Блаца (Οξυά, Оксија) (69 жители)
- Општински оддел Вишени
- село Вишени (Βυσσινιά, Висинија) (135 жители)
- Општински оддел Кондороби (357 жители)
- Општински оддел Черешница
- село Черешница (Πολυκέρασος, Поликерасос) (29 жители)
- Општински оддел Шестево
- село Шестево (или Шестеово; Σιδηροχώρι, Сидирохори) (125 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓа и денес напуштеното село Бапчор (Вапсори, Пименико).
Општинска единица Кастраки[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општинската целина Кастраки (Κοινότητα Καστρακίου) има 623 жители и опфаќа само две села — седиштето Косинец (Ιεροπηγή) со 420 жители и Д’мбени (Δενδροχώρι) со 349 жители.
На територијата на општинската единица се наоѓа и денес напуштеното село Лабаница (Агиос Димитриос).
Општинска единица Клисура[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Клисура (Δήμος Κλεισούρας) се состои од само едно населено место — Клисура (Влахоклисура) и има 559 жители.
Општинска единица Корешта[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Корешта со седиште во Нови Габреш (Неос Икисмос или Корестија) има 1 000 жители (2001) и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Габреш (427 жители)
- село Нови Габреш (Νέος Οικισμός или Κορέστια, Неос Икисмос или Корестија) (420 жители)
- село Габреш, (Γάβρος, Гаврос) (7 жители)
- Општински оддел Дреновени
- село Дреновени (Κρανιώνας, Кранионас) (9 жители)
- Општински оддел Жервени
- село Жервени (Άγιος Αντώνιος, Агиос Антониос) (141 жители)
- Општински оддел Кономлади
- село Кономлади (Μακροχώρι, Макрохори) (214 жители)
- Општински оддел Поздивишта
- село Поздивишта (или Поздивишча; Χάλαρα, Халара) (57 жители)
- Општински оддел Статица (143 жители)
- село Статица (Μελάς, Мелас) (96 жители)
- село Горна Статица (Άνω Μελάς, Ано Мелас) (47 жители)
- Општински оддел Чрновишта
- село Чрновишта (или Чрновишча; Μαυρόκαμπος, Маврокамбос) (9 жители)
Општинска единица Костур[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Костур со седиште во Костур има 16 218 жители (2001) и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Костур (16 218 жители)
- град Костур (Καστοριά, Касторија) (14 813 жители)
- село Апоскеп (Απόσκεπος, Апоскепос) (135 жители)
- село Нов Чифлик (Χλόη, Хлои) (819 жители)
- село Сетома (Κεφαλάρι, Кефалари) (451 жител)
Општинска единица Македон[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Македон или Македни (Δήμος Μακεδνών) со седиште во Маврово (Маврохори) има 1 473 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места от областа Пополе:
- Општински оддел Маврово (1 554 жители)
- Општински оддел Дупјак
- село Дупјак (Δισπηλιό, Дипсилио) (1 186 жители)
- Општински оддел Личишта
- село Личишта (или Личишча; Πολυκάρπη, Поликарпи) (69 жители)
Општинска единица Света Троица[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Света Троица (Δήμος Αγίας Τριάδος) со седиште во Мањак (Мањаки) има 6 117 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Мањак
- село Мањак (Μανιάκοι, Мањаки) (2 619 жители)
- Општински оддел Брештени
- село Брештени (или Брешчени; Αυγή, Авги) (204 жители)
- Општински оддел Галишта
- село Галишта (или Галишча; Ομορφοκκλησιά, Оморфоклисија) (47 жители)
- Општински оддел Желогоже
- Општински оддел Желин(1 074)
- Општински оддел Жупаништа (792)
- Општински оддел Сливени
- село Сливени (Κορομηλιά, Коромилија) (349 жители)
- Општински оддел Цакони
- село Цакони (Τσάκονη) (311 жители)
Општинска единица Свети Врач[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Свети Врач (Δήμος Αγίων Αναργύρων) со седиште во Горенци (Корисос) има 2 845 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Горенци (1 370 жители)
- Општински оддел Загоричани (613 жители)
- село Загоричани (Βασιλειάδα, Василијада) (432 жители)
- Загоричански манастир „Света Петка“ (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (34 жители)
- село Бобишта (или Бобишча; Βέργα, Верга) (147 жители)
- Општински оддел Куманичево
- село Куманичево (Λιθιά, Литија) (388 жители)
- Општински оддел Олишта (474 жители)
- село Олишта (или Олишча; Μελισσότοπος, Мелисотопос) (199 жители)
- село Б’мбоки (Σταυροπόταμος, Ставропотамос) (235 жители)
- Олишки манастир „Свети Врач“ (Μονή Αγίων Αναργύρων, Мони Агион Анаргирон) (40 жители)
Општинска единица Четирок[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2001 г., општината Четирок (Δήμος Μεσοποταμίας, старо име Δήμος Αλιάκμονα) со седиште во Четирок (Месопотамија) има 4 100 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Четирок (2 506 жители)
- Општински оддел Горно Папратско (207 жители)
- село Горно Папратско (Πτεριά, Птерија) (165 жители)
- село Долно Папратско (Κάτω Πτεριά, Като Птерија) (42 жители)
- Општински оддел Добролишта
- село Добролишта (или Добролишча; Καλοχώρι, Калохори) (458 жители)
- Општински оддел Ошени
- село Ошени (Οινόη, Инои) (583 жители)
- Општински оддел Света Недела
- село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Киријаки) (346 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓа и некогашното село Трстика (Ακόντιο, Акондио).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|