Горна Статица

Координати: 40°42.57′N 21°15.51′E / 40.70950° СГШ; 21.25850° ИГД / 40.70950; 21.25850
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Статица
Άνω Μελάς
Горна Статица is located in Грција
Горна Статица
Горна Статица
Местоположба во областа
Горна Статица во рамките на Костур (општина)
Горна Статица
Местоположба на Горна Статица во општината Костур и областа Западна Македонија
Координати: 40°42.57′N 21°15.51′E / 40.70950° СГШ; 21.25850° ИГД / 40.70950; 21.25850
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаКостур
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно30
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горна Статица (грчки: Άνω Μελάς, Ано Мелас) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и до денес е населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Статица е најсеверното село во општината и лежи на неколку километри северно од Статица, а на околу 30 км северно од градот Костур. Селото Корешта е 15 км на североисток. Сместено е во областа Корешта, во длабока клисура меѓу разграноците на Вич наречени Лисец, Голината и Лунџер.[2] Низ Горна Статица тече реката Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

По Балканските војни селото е припоено кон Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Горна Статица имало 60 куќи на словени (Македонци) христијани.[3] Сè до 1940 г. Горна Статица било маало на Статица и сите податоци се однесуваат на двете села.[2]

Црквата „Св. Спиридон“ е од XIX век.

Селото доста пострадало во Граѓанската војна (1946 - 1949). Дел од жителите загинале, а доста семејства и малолетни деца се преселиле во НР Македонија и источноевропските земји.[2] Горна статица сепак останува целосно македонска населба.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 198 91 82 50 53 50 47 30
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 13. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 19.