Сетома

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сетома
Μακροχώρι
Сетома is located in Грција
Сетома
Сетома
Координати: 40°34′N 21°16′E / 40.567° СГШ; 21.267° ИГД / 40.567; 21.267Координати: 40°34′N 21°16′E / 40.567° СГШ; 21.267° ИГД / 40.567; 21.267
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000626000000626 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно451
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сетома (грчки: Κεφαλάρι, Кефалари, до 1928 Σέτομα, Сетома )[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри северно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 626 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото споменување на селото е во документи од 1445 година под името Сатома. Во документи од 1530 година се споменува како Сатом, а во 1545 година како Стоми. Името најверојатно потекнува од лично име, според Љубица Станковска, Сетом[3]. Во османлиските даночни регистри од средината на 15 век биле евидентирани 25 глави на домаќинства и двајца невенчани: Јорг, Андроник, Нико, Јано, Стам, Филип, Дабижив, Никола, Тутук, Бежан, Велихна, Јорг, Пројо, Ѓуро, Мано, Рајко, Тодор, Конде, Добро, Тодор, Димитри, Филип, Димо, Михос, Јано, Алекса и Никола, и три вдовици Стана, Мара и Христана. Вкупниот приход за империјата од селото е 1.447 акчиња[4].

Во околу 1834 година била изградена селската црква посветена на Свети Наум. Според локални преданија таа била посветена на Свети Наум по иницијатива на седум семејства од Струга, кои се населиле во тоа време во Сетома[5].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сетома се состоело од 65 семејства со 220 жители Македонци[6][7]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сетома имало 150 муслимани и 190 жители Македонци[6][8].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 320 македонски егзархисти [6][9], како и 496 македонски патријаршисти[10]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 200 Грци и 250 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 македонски семејства со 20 турски семејства[11].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 408 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 408 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Кефалари.[13]Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 50 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 371 жител.[15], додека во 1940 година селото броело 563 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 376 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 331 жител, додека во 1991 година имало 413 жители[16]. Денеска, населението на селото е 451 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 563 311 376 341 331 413 451 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Мртвото тело на Василиос Малиганос, убиен од четниците на ВМОРО
Родени во Сетома
Починати во Сетома

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
  3. Станковска, Љубица. Топонимски варијации во Костурско-Леринската област, в: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 243.
  4. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 119.
  5. Гилевски, Паскал. Внатрешни гласови (9). Посмртната венчавка на моите родители, Македонско дело, година VII, бр. 349, 7 јули 200, стр. 17.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  10. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  12. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  13. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  14. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kefalari.
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  16. Folketeljing 2011, revidert
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 241.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 373.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 512.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 367.