Дупјачка таблица
Дупјачка таблица — дрвена таблица со врежани натписи од 5202 (± 123) г. пр.н.е. Нејзината старост е утврдена со радиојаглеродно датирање и претставува многу рано сведоштво за писменоста на подрачјето на Македонија.[1] Откриена е во 1993 г. во неолитската населба на брегот на Костурското Езеро [2] кај селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија и напишана е на сè уште недешифрирано писмо.
Откривање
[уреди | уреди извор]Самата езерска населба е откриена зимата 1932 г. кога нивото на водата се смалило, откривајќи ги остатоците. Во 1935 г. Антониос Керамопулос направил првичен увид. Ископувањата почнале во 1992 г. предводени од Георгиос Хурмузијадис, професор по праисториска археологија на Солунскиот универзитет. Местото било населено мошне долго време, од средниот неолит (5600–5000 г. пр.н.е.) па сè до крајот на неолитот (3000 г. пр.н.е.). Ископани се разни предмети како керамика, дрвени градежни елементи, остатоци од дрвени структурни елементи, семки, коски, фигурини, накит, свиралки и дрвена таблица со непознати писмовидни знаци од обете страни.
Откриената таблица е претставена во февруари 1994 г. на симпозиум во Солунскиот универзитет.[3] Наодите од наоѓалиштето се неформално опишани во напис од 2000 г.[4] и од Хормузијадис во 2002 г.
Самата таблица е делумно оштетена кога била изложена на свеж воздух, извадена од бескислордната средина во која лежела многу долго време. Потоа била конзервирана ѝ се уште се изучува.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Facorellis, Yorgos; Sofronidou, Marina; Hourmouziadis, Giorgos (2014). „Radiocarbon dating of the Neolithic lakeside settlement of Dispilio, Kastoria, Northern Greece“. Radiocarbon. 56 (2): 511–528. doi:10.2458/56.17456. S2CID 128879693.
- ↑ Whitley, James. "Archaeology in Greece 2003–2004". Archaeological Reports, No. 50 (2003, pp. 1–92), p. 43.
- ↑ OWENS, GARETH A.. "BALKAN NEOLITHIC SCRIPTS" , vol. 38, no. 1-2, 1999, pp. 114-120
- ↑ Eptakyklos: literary and archaeological magazine, June 2000