Статица
Статица Μελάς | |
---|---|
Музејот посветен на Павлос Мелас | |
Координати: 40°42′N 21°15′E / 40.700° СГШ; 21.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Корешта |
Надм. вис. | 1.000 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 96 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Статица (грчки: Μελάς, Мелас, до 1927 Στάτιστα, Статиста)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е најсеверното селот во општината кое се наоѓа на 30 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Габреш. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри. Според записите на Ѓорче Петров селото Статица се наоѓа на југ од Трсје во истата долина којашто има правец од север кон југ и којашто се образува од големата планинска верига кај Вич и од еден разгранок од таа верига којшто се одделува од нејзината западна страна и се протега во јужен правец[3].
Во Статица има музеј посветен на Македонската борба - грчкото име на грчката вооружена пропаганда во Македонија. Во селото се наоѓа манастирот посветен на Свети Илија[4].
Историја
[уреди | уреди извор]Во XV век во Статица биле евидентирани 95 глави на домаќинства[5]
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Статица запишал дека се состои од околу 100 куќи населени исклучиво со Македонци, од кои 60 куќи пред 2 години ја признале Егзархијата, а останатите 40 и сè уште останале под духовенството на Грчката патријаршија[3]. За потеклото на жителите на тоа село, запишал дека се од арнаутско (албанско) потекло, но под влијание од околните села ја загубиле народноста и јазикот и сега се сметаат за Македонци[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Статица се состоело од 60 семејства со 180 Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Статица имало 600 жители Македонци[6][8].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Старица се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 120 куќи.[9]
Во 1902 година според грчки извори во селото имало 100 патријаршиски и 20 егзархиски семејства. По Илинденското востание целото село поминало под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 960 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно училиште[6][10] Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 600 Грци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 100 македонски семејства[11].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 609 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 550 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Мелас[13], според раководителот на грчката вооружена пропаганда во Македонија Павлос Мелас кој бил убиен во селото во 1904 година.
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 9 жители се засолниле во Бугарија, додека 3 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 1 политичко убиство.[14]
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[15], по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 154 деца или според други извор 135 деца[16] од селото биле протерани како деца бегалци[17]
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Милкова Чешма | Μίλκοτσες | Плаја Дина | Πλαγιὰ Ντίνα[18] | |
Чешала[19] | Τσέσαλα | Каливија | Καλύβια[18] | месност на Вич, СИ од Горна Статица[19] |
Плитка Река | Πλίντσκα Ρέμα | Мела Рема | Μελᾶ Ρέμα[18] | река |
Бела Малина[19] | Μπέλα Μαλίνα | Врисес | Βρύσες[18] | месност на Вич[19] |
Истерно | Ίστερνο | Плаја | Πλαγιά[18] | |
Голината[19] | Γκολίνατα | Гимнотопос | Γυμνότοπος[18] | врв на Вич (1.918 м), С од Горна Статица[19] |
Буката[19] | Μπούκατα | Оксиес | Οξυές[18] | месност на Вич, СЗ од Статица[19] |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век селаните во туѓина се занимавале со столарство[3].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 564 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 696 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 329 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 303 жители, во 1971 година имало 187 жители, во 1981 година имало 167 жители, додека во 1991 година имало 147 жители[21]. Денеска, населението на селото е 96 жители според пописот од 2001 година.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 696 | 329 | 303 | 187 | 167 | 147 | 96 | 88 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Евстатиј“ од XIX век
- Статички манастир („Св. Илија“) од 1840 г.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Статица
- Атанас Денев (1874 - ?) — борец во Балканските војни[22]
- Константин (Дино) Стерјов - Копилето — андарт, одметник од ВМОРО[23][24]
- Илија Димовски - Гоче (1908 - 1961) — македонски национален деец, партизан
- Ристо Миљановски (р. 1936) — македонски писател и раскажувач
- Христина Канџакова (Христина Канѕаки) — гркоманка, андартски деец од III ред[24]
- Починати во Статица
- Павлос Мелас (1870 - 1904) — основоположник на Грчката вооружена пропаганда во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μελάς
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 462. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ http://istorikakastorias.blogspot.mk/2010/12/2.html
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Melas“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 19,6 19,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 204.
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ 24,0 24,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место за Статица Архивирано на 6 јануари 2007 г.
|