Личишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Личишта
Πολυκάρπη
Личишта is located in Грција
Личишта
Личишта
Местоположба во областа
Личишта is located in Костур (општина)
Личишта
Местоположба на Личишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°31′N 21°19′E / 40.517° СГШ; 21.317° ИГД / 40.517; 21.317Координати: 40°31′N 21°19′E / 40.517° СГШ; 21.317° ИГД / 40.517; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно69
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Личишта (дијалектно: Личишча; грчки: Πολυκάρπη, Поликарпи; до 1928 г. Λίτσιστα, Лициста)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри северно од градот Костур (Касторија) на источниот брег од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта и на 1 километар и северно од Маврово. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

За црквата „Свети Атанасиј“ се смета дека била изградена во текот на средниот век.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Личишта имало 270 жители Македонци и 120 Турци[4][5]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 560 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[4][6], како и 496 македонски патријаршисти[7]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 340 Грци и 500 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 македонски и 50 турски семејства[8].

Во 1911 година било изградено ново грчко училиште во неокласичен стил, а во 1913 - црквата Света Варвара[9].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[10]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 380 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 585 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Исома.[11]Во 1927 година, селото било прекрстено во Поликарпи.[12]Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 5 деца од селото биле протерани како деца бегалци[13]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 585 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 735 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 605 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 645 жители, во 1971 година имало 680 жители, во 1981 година имало 780 жители, додека во 1991 година имало 781 жител[15]. Денеска, населението на селото е 618 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 735 605 645 680 780 781 618 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Личишта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Πολυκάρπη
  3. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 27. 
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  7. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.
  8. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  9. Мрежно место на Македни
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  12. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  13. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  15. Folketeljing 2011, revidert
  16. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр.98-99.