Прејди на содржината

Орман (Костурско)

Координати: 40°31′N 21°12′E / 40.517° СГШ; 21.200° ИГД / 40.517; 21.200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орман
Νέα Λεύκη
Орман is located in Грција
Орман
Орман
Местоположба во областа
Орман во рамките на Костур (општина)
Орман
Местоположба на Орман во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°31′N 21°12′E / 40.517° СГШ; 21.200° ИГД / 40.517; 21.200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Надм. вис.&10000000000000640000000640 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно358
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Орман или Чифлико[2] (грчки: Νέα Λεύκη, Неа Левки или Κάτω Λεύκη, Като Левки, до 1928 Ορμάν, Орман)[3] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во Костурската котлина. Традиционално, селото Орман е дел од соседното село Жупанишча до 1960 година[4]. Според старата црква посветена на Света Троица е крстена поранешната општина Света Троица. Селото се наоѓа на надморска височина од 640 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман се состоело од 48 семејства со 160 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Орман имало 265 жители Македонци[5][7].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 15 куќи.[8]

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле опожарени 20 куќи, додека нема официјален број на загинати или убиени.[9].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[5][10]. Според грчката статистика од 1905 година во селото живееле 60 Македонци[11]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски семејства[12].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 178 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 95 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Неа Левки .[14]

Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители од соседните села во Орман нашле засолниште[13]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 267 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 946 жители. На следните пописи, селото се евидентира заедно со жителите на Жупанишча.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 267 247
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

[уреди | уреди извор]
Христо Ѓамов
Родени во Орман
Починати во Орман
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Райков, Георги (2005). Битие на българския народ в Македония при царуването на Турция до отстъпването ѝ от Македония и изтезание на българския народ от гърците и сърбите,в: „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров. София: Звезди. стр. 27. ISBN 954-9514-56-0.
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
  4. http://fos-kastoria.blogspot.mk/2013/11/blog-post.html
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  11. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kato Lefki“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-17.
  12. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  13. 13,0 13,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  14. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 717.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16.
  18. Koliopoulos - Plundered Loyalties, New York 1999, pp. 71
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 509.
  20. 20,0 20,1 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 802.