Чрчишта (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чрчишта
Τσάρτσιστα
Чрчишта is located in Грција
Чрчишта
Чрчишта
Местоположба во областа
Чрчишта is located in Костур (општина)
Чрчишта
Местоположба на Чрчишта во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°28.51′N 21°5.53′E / 40.47517° N; 21.09217° E / 40.47517; 21.09217Координати: 40°28.51′N 21°5.53′E / 40.47517° N; 21.09217° E / 40.47517; 21.09217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Чрчишта (дијалектно: Чрчишча; грчки: Τσάρτσιστα, Царциста) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Според Тодор Симовски, Чрчишта било македонско село кое се запустило во урнатини.[1] Според еден грчки извор, некаде пред 1912 г. Чрчишта било село со околу 80 Албанци муслимани.[2] Георги Константинов Бистрицки за истиот период дава податок дека Чрчишта било чифлик со 2 албански муслимански куќи,[3] што е веројатно поточно, односно дека останатите биле работници на чифликот создаден на местото на напуштеното село.

По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920-те државата довела грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Чрчишта имало 52 жители (56 според Симовски)[1], од кои 32 биле малоазиски Грци, а 20 Албанци муслимани. По податок од 1932 г. селото имало 3 туѓојазични семејства. На пописот во 1940 г. се забележани 47 жители,[1] а пет години подоцна населението се зголемило на 54.[2]

По 1950 г. жителите постепено почнале да се преселуваат во соседното Добролишта, а во помала мера и берското село Микрогуш.[2] Атарот на Чрчишта потоа е присоединет кон селото Добролишта.

Стопанство[уреди | уреди извор]

На местото на селото има два склада за зрна, две куќи и кожарско претпријатие.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47–48.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Το εγκαταλειμμένο χωριό "Τσάρτσιστα" Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 16 септември 2019. Посетено на 22 септември 2019.
  3. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.