Жервени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жервени
Άγιος Αντώνιος
Жервени is located in Грција
Жервени
Жервени
Местоположба во областа
Жервени is located in Костур (општина)
Жервени
Местоположба на Жервени во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°38′N 21°16′E / 40.633° СГШ; 21.267° ИГД / 40.633; 21.267Координати: 40°38′N 21°16′E / 40.633° СГШ; 21.267° ИГД / 40.633; 21.267
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&100000000000010870000001.087 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно141
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Жервени (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос, до 1928 Ζέρβαινη, Зервени)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1040 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Жервени се состоело од 45 семејства со 160 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Жервени имало 430 жители муслимани[4][5].

Во текот на Илинденското востание биле убиени околу 30 селани, а дел од селото било опожарено[6]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 муслимански семејства[7].

Во текот на Втората Балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 492 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 537 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Агиос Андониос.[9]Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 1 жител се засолнил во Бугарија. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[8].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[10], по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 8 деца од селото биле протерани како деца бегалци[11]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 185 жители.[12], додека во 1940 година селото броело 269 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 20 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 213 жители, во 1971 година имало 196 жители, во 1981 година имало 200 жители, додека во 1991 година имало 213 жители[13]. Денеска, населението на селото е 141 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 269 20 213 196 200 213 141 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Άγιος Αντώνιος
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  6. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София 1933, стр. 302-304, Силянов, Христо. От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., София 1984, стр. 545
  7. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  8. 8,0 8,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  10. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  11. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  13. Folketeljing 2011, revidert