Прејди на содржината

Источна Тракија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на регионот Тракија. Источна Тракија е делот во рамките на Турција.

Источна Тракија (турски: Doğu Trakya) или Турска Тракија е источниот дел на историско-географската област Тракија, а денес е делот на Турција на европскиот континент. Овој регион почесто е наречен и Европска Турција и во овој регион се вклучени поголемите центри како што се Истанбул, Одрин, Чорлу или Лилебургаз.

Географија

[уреди | уреди извор]

Источна Тракија зазема 12 проценти од вкупното население на државата и има 23 764 км2 односно 3 проценти од вкупната територија на Турција. Источна Тракија од остатокот на Турција е поделен по природен пат, односно почувајќи од север со Босфор преку Мрамрното Море и завршувајќи со Дарданели и Средоземното Море на југ. На запад Источна Тракија се граничи со Грција, а на север со Бугарија.[1] Најголем број од населението на Источна Тракија се Турци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Источна Тракија во ремките на Отоманското Царство била дел од Одринскиот вилает. Вилаетот бил населен претежно од турско и грчко население, но имало и одреден број бугарско и македонско население[2] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[3], и денес регионот е претежно населен со турско население.

Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910[4]
Санџак Турци Грци Бугари и Македонци други вкупно
Одрин128,000113,50031,50014,700287,700
Кирк Килисе53,00077,00028,5001,150159,650
Родосто63,30036,0003,00021,800144,300
Такирдаг63,50056,0003,00021,800144,300
Галиполе31,50070,5002,0003,200107,200
Дедеагач45,30029,00017,00065091,630
Комотини185,00022,00023,5002,200234,700
Чаталџа18,00048,500-2,34068,840
Истанбул450,000260,0006,000130,000846,000
вкупно
%
974,500
676,600
113,500
176,040
1,940,040
Статистички податоци на Патријаршијата од 1912
вкупно
%
836,500
726,00
114,000
340,700
2,017,800
  1. Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје
  2. Извештај на Карнегиевата балканска комисија (1912-1913) - „Култура“, Скопје
  3. Pentzopoulos, Dimitri (2002). The Balkan exchange of minorities and its impact on Greece. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31–32. ISBN 9781850657026.

Поврзано

[уреди | уреди извор]