Прејди на содржината

Мраморно Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мрамрното Море)
Мраморно Море
Карта на Мраморното Море
ПодрачјеЕвропа и Азија
Координати40°40′N 28°00′E / 40.667°N 28.000°E / 40.667; 28.000
Видморе
Главни приливиСимав, Граник, Ниљуфер
Слив&1000000000001150000000011.500 км2
Сливни земјиТурција
Најг. должина280 км
Најг. ширина80 км
Површина&1000000000001135000000011.350 км2
Прос. длабочина494 м
Најг. длабочина1.370 м
Зафатнина3.378 км3
ОстровиПринцевски Острови
Мраморни Острови
Населени местаИстанбул, Измит, Текирдаг, Бандрма, Галиполе

Мраморно Море (турски: Marmara Denizi) — копнено море кое е дел од Средоземното Море. Се наоѓа помеѓу Балканскиот Полуостров и Мала Азија; преку Босфор се поврзува со Црно Море, а преку Дарданелите со Егејското Море.

Мраморното Море има површина од 11 472 км2, а најголемата длабочина достигнува 1355 м. Температурта на површината на водата изнесува од 8-9 °C на зима, до 23-24 °C па дури и до 29 °C во лето. Соленоста на морето изнесува од 20% до 26‰.

Во југозападниот дел на морето се наоѓа островот Мармара, познат по своите резерви на мермер, од чие име потекнува името на морето.