Сибујанско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сибујанско Море
Sibuyan Island.JPG
Островот Сибујан во Сибујанското Море
Морски површини на Филипините - висајско подрачје.svg
Сибујанското Море (горе лево) на карта
Подрачје
Координати 12°40′00″ СГШ 122°30′00″ ИГД / 
Вид море
Етимологија Сибујан

Сибујанско Море — мало море во Филипините кое ги двои Висаите на југ од Лузон на север.

Се граничи со островот Панај на југ, Миндоро на запад, Масбате на исток и Мариндуке и Биколскиот Полуостров (на Лузон) на север.

Поврзано е со Сулското Море преку Таблашкиот Проток на запад, Јужнокинеското Море преку Иславерденскиот Проток на северозапад и Висајското Море преку протокот Хинтотоло на југоисток. Во рамките на Сибујанското Море се наоѓа и архипелагот Ромблон.

Историја[уреди | уреди извор]

На ова место на 24 октомври 1944 г. се одиграла Битката во Сибујанското Море, во која американско-австралиските сили го потонале моќниот јапонски борбен бродМусаши“. Овие судири биле дел од поголемата Битка во заливот Лејте — најголемата поморска битка во Втората светска војна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]