Јапонско Море

Јапонско Море (јапонски: 日本海) — рабно море кое се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источнокинеското Море е поврзано преку Корејскиот Проток, а со Тихиот Океан преку - Сангарскиот проток.
Во Кореја морето се нарекува „Источно Море“ поради проблемот што го имаат двете Кореи со поимот Јапонско Море.
Има површина од 1,062 млн. км2. Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.
Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гаван, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин.
Во XVIII век Европејците морето го нарекувале Татарско, бидејќи сметале дека таму живеат Татари.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Јапонско Море“ на Ризницата ? |
- Статиjа „Јапонско Море“ Архивирано на 27 јануари 2012 г. (руски)
|