Мозамбички Проток

Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (португалски: Canal de Moçambique, малгашки: Lakandranon'i Mozambika, француски: Canal du Mozambique) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.
Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.
Граници[уреди | уреди извор]
Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници:[1]
На север. Линија од устието на реката Рувума (10°28′S 40°26′E / 10.467° ЈГШ; 40.433° ИГД) до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до ’ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (11°57′S 49°17′E / 11.950° ЈГШ; 49.283° ИГД).
На исток. Западниот брег на Мадагаскар.
На југ. Линија од ’ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот ’Рт (Оро) на континенталниот дел (26°53′S 32°56′E / 26.883° ЈГШ; 32.933° ИГД).
На запад. Копното на ЈАР.[2]
Острови во протокот[уреди | уреди извор]
Комори[уреди | уреди извор]
Мозамбик[уреди | уреди извор]
Примерас и Сегундас (архипелаг)
Франција[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
- ↑ За поисправна западна граница се смета брегот на поточно Мозамбик.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Мозамбички Проток“ на Ризницата ? |
Координати: 18°S 41°E / 18° ЈГШ; 41° ИГД