Фонсека (залив)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Заливот Фонсека Сателитска слика, 2001
Мапа што ја покажува позицијата на заливот (долу лево)

Залив Фонсека (шпански: Голфо де Фонсека) дел од Тихиот Океан е залив во Средна Америка, кој граничи со Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва.

Историја[уреди | уреди извор]

Заливот Фонсека бил откриен за Европејците во 1522 година од страна на Гил Гонсалес де Авила и именуван од него по неговиот покровител, архиепископот Хуан Фонсека, непомирливиот непријател на Колумбо.

Во 1849 година, Е. Г. Сквајр преговарал договор за САД, за да се изгради канал низ Хондурас од Карипското Море до Заливот. Фредерик Четфилд, британски командант во Средна Америка, се плашел дека американското присуство во Хондурас ќе го дестабилизира Британскиот Брег на Комарецот и испратил флота за да го окупира островот Ел Тигре на влезот во Заливот. Кратко потоа, Сквајр побарал британците да заминат, бидејќи тој ја предвидел окупацијата и преговарал за привремена цесија на островот на Соединетите Американски Држави. Четфилд можел само да се усогласи.

Сите три држави - Хондурас, Ел Салвадор и Никарагва - со крајбрежје по должина на Заливот биле вклучени во долгиот спор околу правата на Заливот и островите што се наоѓаат во рамките на заливот.

Во 1917, Судот на Средна Америка на правдата донел пресуда во судскиот процес, која станала позната како случајот Фонсека. Таа довела до контроверзи помеѓу Ел Салвадор и Никарагва. Никарагва влегла во Договорот Брајан-Чаморро, кој им доделил дел од заливот на Соединетите Држави за да основааат поморска база. Ел Салвадор тврдел дека со ова било прекршено правото на заедничка сопственост во заливот. Судот застанал на страната на Ел Салвадор, но САД одлучиле да ја игнорираат одлуката.

Во 1992 година, комората на Меѓународниот суд на правдата (МСП) одлучил за спорот околу земјата, островот и поморската граница, од кои спорот во Заливот беше дел. МСП утврдил дека Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва треба да ја делат контролата врз Заливот Фонсека. Ел Салвадор беше награден со островите Меангвера и Меангверита, додека Хондурас беше награден со Остров Ел Тигре.

Физичка географија[уреди | уреди извор]

Заливот Фонсека покрива површина од околу 3.200 км2 (1.200 квадратни милји), со крајбрежје што се протега на 261 км (162 милји), од кои 185 км (115 милји) се во Хондурас, 40 км (25 милји) во Никарагва , и 29 км (18 милји) во Ел Салвадор. Климата во Заливот е типична за тропските и суптропските региони, со две различни сезони, дождлива сезона и сува сезона. Заливот добива речиси 80% од вкупните годишни врнежи од 1.400-1.600 мм (55-63 инчи) за време на дождовната сезона од Мај до Ноември. Сувата сезона се јавува помеѓу Декември и Мај и придонесува во годишна стапка на испарување од 2.800 mm (110 инчи). Како резултат на помалото количество на вода што влегува во Заливот, струјата има тенденција да тече навнатре од Тихиот Океан, а нивото на соленоста во устието се зголемува и се појавува сезонска суша.

Температурите во Заливот се во просек помеѓу 25 и 30 °C (77-86 °F); Март и Април се најтопли месеци, а Ноември и Декември се најладни месеци. Релативната влажност варира помеѓу 65 и 86% во зависност од локацијата. Спротивно на тоа, внатрешноста на земјата е полутропска и поладна, со просечна температура од 26 °C (79 °F).

Во растителноста на мочуришниот екосистем доминираат разни видови на мангрови насади. Од шесте видови мангрови идентификувани во Заливот, најчест е црвениот мангров насад (Rhizophora mangle), најчесто зафаќајќи ги областите кои постојано се преплавени од плимата и осеката. Црниот мангров насад (Bruguiera gymnorhiza) е вториот најзабележлив вид и обично се наоѓа околу реките, каде седиментите се наталожуваат по должина на крајбрежјето. Белиот мангров насад (Laguncularia racemosa) е трет најмногу доминантен вид, проследена со растението ботончило (Conocarpus erectus); и двата вообичаено се наоѓаат длабоко во внатрешноста и ретко се преплавуваат од плимата. Доминацијата на различни видови над другите е во корелација со зачестеноста на поплавите, квалитетот на водата и нивото на соленоста.

Циклусот на плимата и осеката е 2,3 метри (7,5 стапки) во просек дневно во Заливот. За време на ниските плими, почвите се населени со ракови, школки и други видови. За време на високата плима, мангровите шуми служат како место за прехрана и живеалиште на рибите, ракчињата и другите видови, бидејќи коренот на мангровите обезбедува засолниште од поголемите грабливци.

Голем број на вулкани лежат во и околу заливот.