Прејди на содржината

Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Заливот на охридското пристаниште.
Заливот Бока Которска во Црна Гора.
Бенгалскиот Залив во јужна Азија.

Залив — крајбрежна водна површина поврзана со море, океан или езеро, образувана со вовлекување на земјата поради пречката што ја поставува околното земјиште на брановите и ветерот.[1] Заливите се јавуваат и кај езерата и барите. За заливи можат да се сметаат и тесните површини како фјордовите, гленовите и драгите.

Заливите имаат историско значење за населувањето на местата како безбедно место за риболов. Класичен пример за ваквата улога на заливите е неолитската наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро.[2] Подоцна, морските заливи одиграле значајна улога во развојот на поморската трговија и, како мирни сидришта, во нив се граделе пристаништа.[3]

Настанок

[уреди | уреди извор]

Заливите се создаваат на различни начини. Најголемите настануваат како резултат на континенталното поместување.[3] Со разделувањето на суперконтинентот Гондвана долж закривени и вовлечени раседи, континентите се одвоиле и така се создадени најголемите заливи во светот. Такви се Гвинејскиот, Персискиот, Алјаскиот, Мексиканскиот и Бенгалскиот Залив, кои се најголеми во светот.[3]

Друг начин на образување на заливите е преку ледничка или речна ерозија.[3] Ако е настанат од ледник, заливот се нарекува фјорд. Ријасите настануваат од реки и се одликуваат со постапен спуст на теренот. Највеќето заливи се настанати со набирање на Земјината кора и постепено одронување на брегот предизвикано од бранови и струи.[3] Помеките карпи се ронат побргу, додека кај тврдите истото се одвива бавно. Помеките делови се претвораат во заливи, а потврдите остануваат како 'ртови. Калифорнискиот Залив е пример за залив настанат со набирање.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „http://www.yourdictionary.com/bay“. Посетено на 24 март 2012. Надворешна врска во |title= (help)
  2. Плоча Миќов Град во Заливот на Коските[мртва врска] - Паско Кузман, Македонски археолошки весник
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Carreck, Rosalind, уред. (1982). The Family Encyclopedia of Natural History. The Hamlyn Publishing Group. стр. 202. ISBN 011202257 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).