Лох

Лох (гел.: loch, или lough вон Шкотска) е водна површина која може да биде:
- езеро или;
- морски затон (долгнавест тесен залив), кој исто така може да биде и ферт, фјорд, утока или залив.
Тесниот морски затон се нарекува „морски лох“.
Етимологија и примена
[уреди | уреди извор]Називот на оваа водна површина е од гелско[1] потекло и се применува за речиси сите езера во Шкотска како и за многу морски затони во западна и северна Шкотска. (Список ќе најдете на Список на лохови во Шкотска).
Во Ирска лохот е познат како „лок“ (Lough) и се употребува за разни водни површини. Вкави примери се Лох Неј, Лох Кориб, Лох Дерг и др. Истиот збор се употребува и во северна Англија.
Иако не постои строга дефиниција за големина, мал лох се нарекува „лохан“ (шкотски: lochan, ирски: lochán).
Веројатно најпознатиот лох во Шкотска е Лох Нес, иако има други големи лохови како Лох Ау, Лох Ломонд и Лох Теј.
Примери за морски лохови во Шкотска се Лох Лонг, Лох Фине, Лох Лини, Лох Ерибол, Лох Тристан, Трислох.
Исползување на лоховите
[уреди | уреди извор]Некои нови хидроакумулации за хидроенергија добиле верни имиња како природните водни површини - на пример акумулациите: Лох Слој, Лох Лох Лаган и Лох Трејг (дел од хидроенергетскиот комплекс Лохабер близу Форт Вилијам). Други површини се нарекуваат едноставно резервоари, как на пример: Блеквотерскиот Резервоар над Кинлохлевен.
Лохови вон Шкотска и Ирска
[уреди | уреди извор]Бидејќи „лох“ е општ гелски збор, истиот го наоѓаме и во коренот на неколку мански топоними.
Во САД, военото пристаниште Перл Харбор кое се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот хавајски остров Оаху, е еден од комплекс на затони. Неколку затони во овој комплекс се нарекуваат лохови - Југоисточен Лох, Мери Лох, Источен Лох, Среден Лох и Западен Лох.
Брентонскиот Лох на Фолкландските Острови е морски лох, близу Лафонија, Источен Фолкланд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Зборот се употребува во следниве јазици: шкотски, ирски, мански and низински шкотски; покрај шкотскиот англиски, ирскиот англиски и стандардниот англиски јазик.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- База на податоци за езерата во Британија (англиски)
- Прекрасна видеоснимка на Лох Морар, Шкотска (англиски)