Лох Теј
Лох Теј Loch Tay / Loch Tatha | |
---|---|
Место | Пертшир, Шкотска |
Координати | 56°30′56″N 4°08′46″W / 56.51556° СГШ; 4.14611° ЗГДКоординати: 56°30′56″N 4°08′46″W / 56.51556° СГШ; 4.14611° ЗГД |
Вид | слатководен лох |
Главен дотек | Дохарт, Лохеј |
Земји во сливот | Велика Британија |
Најг. должина | 23 км |
Површина | 26,4 км2 |
Најг. длабочина | 150 м |
Населени места | Килин, Кенмор, Лоерс |
Лох Теј (англ. Loch Tay, гел., Loch Tatha) — слатководен лох (езеро) во средишниот дел на Горите во Шкотска, во округот Пертшир.
Лохот е тесен и долг, и ја следи линијата на долината во превец од југозапад кон североисток. Долг е 23 км, а просечната ширина се движи од 1,6 до 2,4 км. Ова е шести по големина лох во Шкотска по површина. Најголемата длабочина изнесува 150 м.
Над северниот брег на лохот се издига планината Бен Лоерс (1214 м), што е 10-та по височина во Британија. Врвот е највисок од групата од седум врва („манро-а“).
Поголеми населени места во подрачјето се селата Килин и Кенмор. Килин е сместен на чело на лохот, а Кенмор се наоѓа кај изливот na реката Теј. На јужната страна на лохот се протегаат помалите места Ахарн, Ардониг и Ардталниг, а на северната страна се селцата Фјарнан и Лоерс. Во лохот се влеваат реките Дохарт и Лохеј, како и повеќе мали потоци.
Лохот е популарно место за риболов на лосос.
Во Железно време, жителите на месноста живееле во одбранбени наколни живеалишта во лохот наречени „кранози“. Во лохот се пронајдени преку 20 потомени кранози. Близу центарот на кранози е реконструиран еден примерок.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Лох Теј“ на Ризницата ? |
- Страница на Килин Архивирано на 11 јуни 2020 г. (англиски)
- Центар на кранози во Шкотска (англиски)
- Лох Теј - податоци и историја Архивирано на 3 август 2004 г. (англиски)