Бара
Бара — водно пространство, тело на стоечка вода во помала вдлабнатина во земјата, било природно или вештачко, кое обично е помало од езеро[1]. Тие можат да се појават природно во поплавените површини како дел од речниот систем од излевање на реките при висок водостој или пак при природно излевање на водите од коритото во пониски рамничарски предели со низок просечен пад поради надморската височина, или може да бидат малку изолирани депресии односно вдлабнатини во релјефот како што се пролетни полнењеа на базени/вдлабнатини и прериски дупки, додека во варовнички предели (во Македонија) тоа може да се вртачите во кои при топење на снеговите може да создаваат бари. Барите може да содржат плитка вода со блата и мочуришта и водни растенија и животни[2]. Во географската терминологија на македонските дијалекти именката бара означува вдлабнатинка во која се собира или се задржува вода[3]. Во тој однос нејизното значење е слично на вир или локва.
Одлики
[уреди | уреди извор]Воопштено, барите се водните површини односно водните станишта на мочуриштата. Бара е поголемо водено станиште (површина до 8 ха) во кое водената маса е на ниско ниво. Поради тоа, сончевата светлина допира до дното овозможувајќи процес на фотосинтеза и успешно загревање на водата во барата. Водата во барите може да биде присутна, или може да пресуши. Бојата на водата во барите може да биде од костенливо кафена до зеленкаста, во зависност од длабочината на барата, како и видот на дното и присутните подводни растенија. Барите се одликуваат со буен растителен (посебни видови на барска вегетација) и растителен свет (барска фауна на инсекти, водоземци, влекачи и птици).
Топонимија
[уреди | уреди извор]Именката бара е доста е раширена во топонимијата во Македонија и словенските земји, па така именката бара и изведенки од неа може да се однесува и на:
- Барово — село во областа Каршијак, Општина Сопиште, Скопско
- Барово – село во областа Тиквеш, Општина Демир Капија
- Студена Бара – село во областа Средорек (Кумановско), Општина Куманово
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во мочуриштето Сини Вирој
-
Бара во Моноспитовско Блато
-
Бара во Студенчишко Блато
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Definition of POND“. www.merriam-webster.com.
- ↑ John Clegg (1986). The New Observer's Book of Pond Life. Frederick Warne. стр. 460. ISBN 0723233381.
- ↑ Видоески, Божидар (1999). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 18. ISBN 9989-649-64-2.