Катлановско Блато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катлановско Блато
Катлановско Блато -
Поглед на бара во мочуриштето
Место Катланово, Скопска Котлина
Земја Македонија
Околна водна површина Вардар, Пчиња
Вид блато
Површина 70 хектари


Катлановско Блато (во литературата познато и како Катлановско Езеро) — мочуришна површина во Скопската Котлина и ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резерват. Заштитено р во 1965 г. на површина 70 хектари, и е собирна станица на птиците-преселници наесен од Северна Европа.[1]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Катлановското Блато е ставено под заштита во 1965 г. согласно Законот за заштита на природните реткости. Овој посебен резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) се спомнува во документите од историско значење и како објект кој имал утврдувачко значење, бидејќи претставувал пречка за премин низ Таорската Клисура. Во повелбите (грамоти) издадени по повод обновувањето на манастирот посветен на свети Ѓорги-Горга, што бил по течението на реката Серава, е речено: „Катлановското Блато и е подарено на црквата „Св. Горѓија“, со ловиштето за риби и другиот дивеч”. Во грамотата е забележан и текстот:

Кој ќе влезе во ловиштето без игуменово одобрение да биде проклет од Бога и да плати 8 перпери во државната каса.

Користењето на Катлановското Блато од XI век било регулирано со претходно добиено одобрение од црковните власти, а за секое друго користење била изрекувана казна. Големите количини риба во Катлановското Блато, на жителите од селата, со лов, им овозможувало зимата да ја минат безгрижно, неколку каци во визбите од селските куќи биле полни со посолена риба. Пред да почне мелиоризацијата, Катлановското Влато било попатно сопирно одморалиште на птиците преселници, кои доаѓале пред да настапи зимата и тоа од север во правец на југ-Солун, и подалеку до северниот дел на Африка[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Годишен зборник: Биологија. Биолошки факултет на Универзитетот „Кирил и методиј“. 1976. 
  2. Љупчо Меловски (24 април 2009). „Биолошката разновидност на Република Македонија“ (PDF). конс. 2011-01-02. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°54′04″ СГШ; 21°38′39″ ИГД / 41.9011° СГШ; 21.6443° ИГД / 41.9011; 21.6443 (Катлановско Блато)