Калиманци (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калиманци
Kalimanci.jpg
Поглед на езерото Калиманци
Координати41°59′13″ СГШ; 22°35′35″ ИГД / 41.987° СГШ; 22.593° ИГД / 41.987; 22.593Координати: 41°59′13″ СГШ; 22°35′35″ ИГД / 41.987° СГШ; 22.593° ИГД / 41.987; 22.593
Видвештачко
Главни приливиБрегалница
Каменичка Река
Главни истециБрегалница
Сливни земјиМакедонија Македонија
Најг. должина14 км
Најг. ширина0,3 км
Површина&100000000000000042300004.23 км2
Најг. длабочина80 м
Зафатнина127 млн км3
ОстровиКалата
Населени местаМакедонска Каменица, Тодоровци, Калиманци, Дулица, Луковица, Илиово


Калиманци (Калиманско Езеро) — вештачко езеро на реките Брегалница и Каменичка Река, изградено во 1969 година. Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 м, а долга 240 м. Езерото има должина од 14 км, широко е 0,3 км, а достигнува 80 метри во длабочина. Зафаќа површина од 4,23 км2 и насобира 127 милиони кубни метри вода.

Основната намена на езерото е наводнување на околу 28.000 ха, главно површини под ориз во Кочанската Котлина, но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. За таа цел изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле.

Вишокот вода се користи за производство на електрична енергија преку изградената мала хидроцентрала со инсталирана моќ од 13,8 мегавати.

Остров Калата[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Калата.

Во езерото се наоѓа и островот Калата, кој е остаток од доцноантички рударски град каде се ваделе калај и злато.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]