Слатинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слатинско Езеро
Слатинско Езеро - Село Слатино и Слатинско Езеро
Село Слатино и Слатинско Езеро
Координати 41°21′08″ СГШ 20°50′54″ ИГД / 
Тип вештачко
Главен прилив Мраморечка Река
Земји во сливот Македонија
Макс. должина 1 km
Макс. ширина 0,6 km
Површина 0.28 km2
Макс. длабочина 9 m

Слатинското Езеро е вештачка акумулација, која е изградена во 1963 година. Се наоѓа во општина Дебарца во близина на селото Слатино на 35 km северно од Охрид.[1] Името го добило според селото Слатино. Се напојува со вода од Мраморечка Река и е со вкупна зафатнина од 1.400.000 m3 и висинa на браната од 15,5 m. Водите од ова езеро се користат за наводнување на земјоделските површини во Слатинско, Издеглавско и Оздоленско поле, со вкупно 420 ha, но и за спортски риболов и туризам. Квалитетот на водата во езерото е на највисоко ниво бидејќи не постојат никакви органски или неоргански загадувања.


Наводи[уреди]

Reflection at Two Jack Lake.jpg Оваа статија за езеро е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!