Кочанска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кочанска Река
Kocanska reka.JPG
Кочанска Река во Кочани
Земја Македонија Македонија
Слив
Главен извор Лопенско било на Осогово
1630 m
Устие Брегалница кај село Чифлик
295 m
Гол. на сливот 198 km²
Физички особености
Должина 34 km

Кочанска Река извира од јужната страна на Лопенско било на Осогово, во месноста Ретки буки, на надморска височина од 1.630 метри. Во Брегалница се влева кај селото Чифлик, на надморска височина од 295 метри. Реката има развиено извориште со широка долина, која до Кочани е клисуреста, а потоа до вливот тече како рамничарска река. Вкупната должина на Кочанска Река изнесува 34 километри.[1]

Во планинскиот дел прима поголем број притоки, како што се Лопенската, Рамнобрдската и Мала Река. Сите тие доаѓаат од десната страна, поради што Кочанска Река има разгранета, но асиметрична хидрографска мрежа.

Највисок водостој реката има во текот на април и мај кога се топи снегот од високите планински врвови, а најнизок во јули и август, кога врнежите се минимални, а испарувањето поради високите темепратури на воздухот е големо.

Реката има доста голем пад (39,3%) што овозможило во нејзиното корито кај селото Долно Гратче да се изгради вештачка акумулација, која според селото го добила името Гратче.


Назив[уреди | уреди извор]

Своето име реката го добила според најголемото населено место низ кое протекува, градот Кочани. Меѓутоа, меѓу месното население таа е позната и како Крива Река.

Потврда за ова наоѓаме и во народната песна “Кочански сејмени“:

Ајде ред се редат мале,
море ред се редат
кочански сејмени, мила мале
кочански сејмени.

Ајде ќе ми одат, мале
ајде ќе ми одат,
покрај Крива Река
мила мале, покрај Крива Река...


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003