Чеплеска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чеплеска Река
Чеплески Водопад.JPG
Водопад во изворишниот дел близу Планинарски дом „Чеплез“
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен изворЧеплес, Даутица
УстиеБабуна

Чеплеска Река — река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Се наоѓа на Орешка Планина и е притока на Бабуна[1]. Настанува од неколку помали изворчиња, високо во буковата шума на планинскиот масив Мокра во близината на месноста на некогашното раселено село денес Планинарски дом „Чеплез“. Целото нејзино течение е низ густата букова шума сè до нејзиното вливање во изворишното подрачје на горното течение на Бабуна во Нежилово. Преку нејзиното течение минуваат обележаната планинарска пешачка патека и колскиот шумски пат од Папрадиште кон планинарскиот дом Чеплес. Близу до колскиот пат се наоѓа мал и убав водопад, а крај планинарската патека остатоци (ракли) од стар мост. Според месни кажувања и преданија долот и течението на Чеплеска Река ја претставуваат границата помеѓу планините Даутица и Јакупица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 80. ISBN 978-9989-2117-6-8.