Дошница
Изглед
| Дошница | |
|---|---|
Дошница во близина на ХЕЦ „Дошница“ | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Држава | |
| Општина | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Зелен Брег на Кожуф |
| • надм. вис. | 1.750 м |
| Устие | |
• место | кај Демир Капија во Бошава |
• координати | 41°23′55″N 22°13′26″E / 41.39861°N 22.22389°E |
• надм. вис. | 125 м |
| Должина | 38,5 км |
| Големина на сливот | 193,4 км2 |
| Особености на сливот | |
| Течение | Бошава→ Вардар→ Егејско Море |
Дошница — река во Македонија, десна притока на Бошава.[1]
Водите од оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница“, а во непосредна близина на централата се наоѓа и туристичката месност Топли Вирови.
Тек
[уреди | уреди извор]Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на надморска висина од 1.750 метри, а во Бошава се влева на надморска висина од 125 метри. Долга е 38,5 километри и има просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа површина од 193,4 км2.
Реката се влива во Бошава кај селото Чифлик, во близина на гратчето Демир Капија.[1]
Особеност
[уреди | уреди извор]Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато[2].
Галерија
[уреди | уреди извор]- Срушен мост кај хидроцентралата
- Дошница кај месноста Топли Вирови
- Дошница кај месноста Топли Вирови
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 27. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ „ЗЛАТНА ТРЕСКА ПОКРАЈ ЗЛАТОНОСНИТЕ РЕКИ; Трагачи по злато го тресат Кожув“. Дневник. 15 септември 2008. Посетено на 2010-04-20.
