Планинарски дом

Од Википедија — слободната енциклопедија

Планинарски дом е градба која се наоѓа високо во планините, до која најчестоможе да се шристапи пеш, наменета за да понуди храна и засолниште на планинари, алпинисти и други. Планинарските домови најчесто се управувани од страна на некое Планинарско друштво или некое здружение посветено на пешачење, планинарство и слична рекрација во пканините.

Планинарските домови можат да понудат широк опсег на услуги, започнувајќи од засолнување и едноставни услови за спиење. Некои домови, особено во оддалечени подрачја, немаат персонал, но други имаат персонал кој подготвува оброци и пијалоци и можат да обезбедат и други услуги. Планинарските домови најчесто дозволуваат било кому да бидат нивни посетители, иако повеќето налагаат претходна најава и резервација.