Прејди на содржината

Алпинизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алпинизам во Романија

Највисок степен на достигнувње во планинарењето е алпинизмот. Тоа е движење по карпести планини при што не се користат планинарски патишта, туку разни насокии по карпите. Алпинизмот бара постојана физичка кондиција, големо искуство и познавање на техниката на качување. Алпинизмот претставува естетско доживување и спортско делување во планините во секое годишно време заради откривањена убавините и занимивлостите на природата, како и заради јакнење на физичката сила, издржливоста и волјата. Највидлив дел од алпинизмот е физичката работа т.е. качувањето по карпи. Тоа се нарекува алпинистика. Духовната компонента е моторната сила која со него доминира.

Алпинизмот е активност која се извршува на планина и пред сè алпинистите се планинари. Единствена разлика е тоа што тие сакаат да ги посетуваат малку “пострашните” делови од планината, тие кои се со карпи или кои се многу стрмни и кои најчесто можат да се качуваат само со специјална опрема.

Алпинизмот со нашите очи го гледаме како активност во која некој човек употребувајќи специјална опрема се качува на некоја карпа или пак на голема снежна планина. Најчесто луѓето не го разбираат алпинизмот - тие премногу гледаат со очите и премногу размислуваат, наместо барем за една секунда да го употребат своето срце.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

„Алпинизам“ — портал на македонскиот алпинизам