Пехчевски Водопади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пехчевски Водопади
Спиковски Водопад во Равна Река 2.jpg
Големиот Спиковски Водопад
МестоРавна Река, Малешевски Планини, Општина Пехчево, Македонија Македонија
Координати41°44′00″N 22°56′00″E / 41.73333° N; 22.93333° E / 41.73333; 22.93333Координати: 41°44′00″N 22°56′00″E / 41.73333° N; 22.93333° E / 41.73333; 22.93333
Највисок слап14 м

Пехчевски Водопадиводопади сместени на Малешевските Планини, кај изворите на реката Брегалница, во близина на градот Пехчево. Во пределот има девет водопади, од кои всушност само два се на Брегалница, додека останатите се на Црн Дол, Љутачка Река (Ж’тачка Река) и Спиковски Андак. Највисокиот водопад е со висина од 14 м.[1]

Водопади[уреди | уреди извор]

Спиковски Водопади[уреди | уреди извор]

Спиковските се наоѓаат по течението на Равна Река, поточно нејзината мала притока позната како Спиковски Андак, на околу 6 км од Пехчево во правец кон границата со Бугарија. Во оваа месност се сместени два водопади. Првиот се наоѓа на околу 200 м од патот и е висок околу 2 м, додека вториот се наоѓа на околу 300 м по првиот и неговата висина е околу 7 м. Патот до водопадите започнува со дрвена врата, а потоа е обележан и содржи неколку дрвени мовчиња. Во близина на водопадите, покрај почетокот од патот, е сместена ќумурџилница. Над водопадите е сместен археолошкото наоѓалиште Градиште. Според една легенда, Пехчево долги години бил под опсада на Османлиите кои не можеле да го освојат. На местото каде што се наоѓаат водопадите порано имало успусни канали, преку кои Османлиите влегле во тврдината и со тоа успеале да го освојат градот.[2]

Љутачки Водопади[уреди | уреди извор]

Љутачките Водопади се сместени на истоимената река, позната и како Ж’тачка Река, во месноста позната како Валевичка Река, на неколку километри од Спиковските Водопади кон границата со Бугарија. Во овој предел има два водопади коишто се наоѓаат на надморска височина од 1.400 м.[2] Едниот водопад е со висина од околу 10 м и до него може да стигне само со теренско возило.[3]

Скокото[уреди | уреди извор]

Скокото се наоѓа во истоимениот шумски парк, непосредно по вливот на Љутачка Река во Брегалница. Тој е висок околу 7 м и до него води пешачка патека во должина од околу 1.500 м којашто започнува од местото наречено Дебел Рид.[3]

Црнодолски Водопад[уреди | уреди извор]

Црнодолскиот Водопад се наоѓа на истоимената река. До него води пешачка патека долга околу 400 м. Водопадот е висок 5 м.[3]

Туризам[уреди | уреди извор]

Во близина на водопадите се наоѓа туристичката населба Равна Река, во којашто има сместувачки капацитети и спортско-рекреативни терени.[4] Во април 2016 година, во населбата е отворен и рибник.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М., И.. „Сипковски водопади кај Пехчево“, Идеографија, 14 ноември 2011.
  2. 2,0 2,1 „Девет водопади на Брегалница“. Вест. 10 ноември 2008. Посетено на 30 јануари 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Запознајте ги четирите Пехчевски водопади на реката Брегалница“, Фактор, 14 септември 2016.
  4. „Равна Река: Туристите се дочекуваат на свеќи и агрегати“. Телеграф. 8 ноември 2014. Посетено на 30 јануари 2017.
  5. Отворен е нов рибник во Туристичката населба Равна Река во Пехчево“, Општина Пехчево, 13 април 2016.