Патишка Река
Патишка Река | |
![]() Поглед на Патишка Река со планината Караџица во позадината | |
Координати 41°48′0″N 21°19′0″E / 41.80000° N; 21.31667° EКоординати: 41°48′0″N 21°19′0″E / 41.80000° N; 21.31667° E | |
Општина | ![]() |
Население | 579 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25107 |
Надм. вис. | 1.243 м |
![]() |
Патишка Река — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е дел од областа Торбешија. Селото се наоѓа на планината Караџица.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Патишка Река живееле 670 жители, од кои 550 Албанци и 120 Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патишка Река имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 579 жители, сите Албанци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 670[1] | 320[2] | 570 | 617 | 608 | 591 | 619 | 706 | 579 |
Родови[уреди | уреди извор]
Патишка Река е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
- Доселеници: Сенцалар (20 к.) доселени се кон крајот на XVIII-ти век од селото Сенце во Горна Река; Готкалар (17 к.), Џавда (14 к.), Жуља (9 к.), Гушалар (9 к.), доселени се од Горна Река; Гегалар (13 к.) доселени се од селото Грекање во Горна Река; Жужња (4 к.) доселени се од селото Жужње во Горна Река; Ничпур (5 к.) доселени се од селото Ничпур во Горна Река. Сите доселеници од Горна Река имаат подалечно потекло од Албанија.
Македонски
- Доселеници: Живко или Безика (1 к.) тие биле последни православни што живееле во селото. Овде живееле во 1950 година, по што се иселиле од селото. Во Патишка Река биле доселени од селото Пожаране кај Гостивар. Од тука во Констанца во Романија, и во Скопје има иселено преку 35 семејства до 1950 година.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 116-117.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Патишка Река на Карти на Google
|
|