Вртекица
Вртекица | |
![]() Влезот во селото Вртекица | |
Координати 41°53′6″N 21°30′38″E / 41.88500° СГШ; 21.51056° ИГДКоординати: 41°53′6″N 21°30′38″E / 41.88500° СГШ; 21.51056° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 111 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25140 |
Надм. вис. | 587 м |
![]() |
Вртекица — село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Вртекица се наоѓа во областа Торбешија, во долниот слив на Маркова Река.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Вртекица е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од утврдена населба на наоѓалиштето Исар југоисточно од селото.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вртекица живееле 360 жители, сите Албанци муслимани.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 111 жители, сите Албанци.[3]
Родови[уреди | уреди извор]
Рамни Габер е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Доселеници: Мали Цок (15 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век; Дервише (25 к.) доселени се од северна Албанија; Кале или Шеелар (18 к.) доселени се од местото Чаје во Љума, северна Албанија. Го знаат следното родословие: Имер (жив на 48 г. во 1950 година) Шукри-Џемаил-Муарем-Дурмиш, кој се доселил; Дибран (12 к.) доселени се од околината на Пешкопеја (Долен Дебар) во северна Албанија. Овде живеат од почетокот на XIX век; Укалар (17 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓец (1 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Рамни Габер.[4]
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Исар — населба од доцноантичкото време. На границата од атарите на селата Вртекица и Рамни Габер се гледаат остатоци од утврдена населба.
- Св. Димитрија — средновековен сакрален објект. Во Шелско Маало се наоѓа текија со девет гробови која била изградена пред во последните децении на XVIII век врз темели на средновековна црква која, според преданието, била посветена на св. Димитрија. Дека селото било населено од христијанско македонско население сведочи податокот на листот 42 од Кодикот на манастирот Матка од 1570-1580 година, во кој како приложник од ова село е заведена „рабинката божја Тода“. Денешните муслимански жители започнале да се населуваат во селото кон крајот на XVII век.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Околу 26 семејства се иселени во Скопје до 1950 година. Припаѓале на разни селски родови.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
- ↑ 4,0 4,1 Трифуноски, Јован. Филозофски факултет-Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Вртекица на Карти на Гугл
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|