Горно Количани
Горно Количани | |
Поглед на селото Горно Количани | |
Координати 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГДКоординати: 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Торбешија |
Население | 309[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1050 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25052 |
Надм. вис. | 620 м |
![]() |
Горно Количани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река и околу 1,5 км југозападно од Долно Количани. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Горно Количани било албанско село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани[3].
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Количани живееле 460 жители, сите Албанци.[5]
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“ во поголем или помал отстоток, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци-муслимани како во Долно Количани. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.
Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучливо со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители.
Според последниот попис од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 „Албанци“, 1 Македонец и 2 други.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | — | 825 | 872 | 715 | 808 | 654 | — | 413 | 309 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Спомен куќа на НОБ, прогласена за културно наследство на Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Горно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Селска џамија
- Основно училиште
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[9]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 78. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Горно Количани на Ризницата
- Сателитска снимка на Горно Количани на Карти на Гугл
|