Прејди на содржината

Алдинци

Координати: 41°48′11″N 21°25′42″E / 41.80306° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.80306; 21.42833
Од Википедија — слободната енциклопедија
За крушевското село Алданци, видете овде.
Алдинци
Алдинци во рамките на Македонија
Алдинци
Местоположба на Алдинци во Македонија
Алдинци на карта

Карта

Координати 41°48′11″N 21°25′42″E / 41.80306° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.80306; 21.42833
Општина  Студеничани
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25002
Надм. вис. 1222 м
Алдинци на општинската карта

Атарот на Алдинци во рамките на општината
Алдинци на Ризницата

Алдинци — целосно раселено село во Општина Студеничани, сместено во областа Торбешија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Алдинци се наоѓа во областа Торбешија. Селото се наоѓа на горното течение на Кадина Река, на планината Голешница. Оддалечено е 41 километар јужно од Скопје и 35 километри јужно од општинскиот центар Студеничани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Како планинска населба има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 47 км2. Преовладуваат шумите на површина од 3.463,1 ха, потоа следат пасиштата на површина од 704,4 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 203 ха. Според ваквата аграрна структура, Алдинци има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948460—    
1953522+13.5%
1961373−28.5%
1971211−43.4%
1981158−25.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199424—    
20023−87.5%
20210−100.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 3 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 6 мажи муслимани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 12 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 292 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алдинци живееле 110 жители, сите Албанци[5].[6]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Горно Количани и има 198 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[8]

Алдинци, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 373 жители, а во 1994 година 24 жители, сите Албанци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од само 3 жители, сите Албанци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 110 460 522 373 211 158 0 24 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Алдинци е македонско село населено со Албанци.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Соф Караџа (14 к.) доселени се од местото Чаја во северна Албанија. Основачот на родот се викал Јусуф, кој се доселил во селото на почетокот од XIX век; Меролар или Мер-Караџа (27 к.) имаат исто потекло и време на доселување како и претходниот род. Го знаат следното родословие: Мерсељ (жив на 75 г. во 1951 година) Селман-Алил-Меро, кој се доселил во селото.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
  • Калеградиште / опидум од доцноантичкото време. На 2 км јужно од планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектара се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и тубулуси за довод на вода. Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
  • Муџицаградиште од доцноантичкото време. На 2,2 км југоисточно од селото и на 1,7 км југоисточно од планинарскиот дом „Караџица“, на највисоката кота од високиот рид обраснат со шума има зарамнета површина која е оградена со ѕид граден од камен, без малтер, чии димензии се 60 × 220 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 10.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Албанците биле забележани како Арнаути.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
  7. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]