Студеничани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Студеничани
Studenichani.jpg

Поглед на селото Студеничани и падините на планината Китка во позадина

Студеничани во рамките на Македонија
Студеничани
Местоположба на Студеничани во Македонија
Студеничани на интерактивна карта

Карта

Координати 41°54′56″N 21°31′50″E / 41.91556° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.91556; 21.53056Координати: 41°54′56″N 21°31′50″E / 41.91556° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.91556; 21.53056
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 5.786 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1052
Шифра на КО 25126, 25626
Надм. вис. 315 м
Студеничани на општинската карта
Студеничани во Општина Студеничани.svg

Атарот на Студеничани во рамките на општината
Commons-logo.svg Студеничани на Ризницата

Студеничани — село во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, во северниот дел на Македонија и центар на истоимената Општина Студеничани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Сместено во дол на допирот на подножјето на планината Китка и рамничарскиот дел на Скопското Поле. Стариот дел на селото е вовлечен во долот на Студеничанскиот Поток, додека поновиот дел односно во поново време сѐ повеќе куќи се градат и селото се шири во рамничарскиот дел на Скопското Поле во северен и северозападен правец. Студеничани се наоѓа на 16 км од Скопје и е речиси споено со соседното Драчево.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачејто на селото е населено уште од раната антика, за што сведочи блиското наоѓалиште Исар (Кале), каде стојат остатоци од утврдена населба.[2]

Во селото живееле Македонци, за што сведочи топонимијата. Демиграфската ситуација се сменила дури на почетокот на XIX век.[3]. Првиот пишан помен на селото низ историјата се среќава во 1300 година, кога се споменува дека во оваа област водел пат од Студеничишта, кое со сигурност се однесува на Студеничани[3]. На местото викано Киша (на албански: црква) кај џамијата во стариот дел на селото (маалото Гола), постоела црква која според преданијата е утврдено дека била посветена на Света Недела, а честопати на тоа место се ископувале и стари христијански гробови[3]. Според предание забележано во селото Долно Лисиче, крај Студеничани во месноста Крпач постоел и манастир посветен на Свети Димитрија[3]. Пишан доказ дека во селото Студеничани живееле Македонци христијани има во опширниот пописен дефтер за Скопскиот санџак од 1568/69 каде во селото Студеничани кое било тимар на некојси Рамазан се запишани 37 македонски христијански семејства и 6 неженети меѓу кои се среќаваат жителите со имиња Стојко Петко, Дојчин Стојко, Петко Јонко, Димитри Јован, Станко Пејо, Стојко Јонче, Милчо, Никола Златко, Никола Стефан итн.[4]

Во XIX век, Студеничани било село во рамките на Скопската каза на Отоманското Царство.

Од почетокот на XIX век во селото започнале да се доселуваат муслимански Албанци од северниот дел на Албанија, при што Македонците христијани постепено почнале да се иселуваат сѐ до 1880 година кога последните Македонци се иселиле од селото во Скопје[5]. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Студеничани запишал дека е село со разрушен манастир наречен Студеница Древна од каде што се правале и устави и се распространувале по сите средновековни манастири, но денеска е турско и ништо од светина не останало освен „урвали“

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Студеничани живееле 480 жители, сите Албанци.[6]

Во 1961 година, во Студеничани живееле 1.682 жители, од кои 1.635 Албанци, 1 Македонец, 112 Турци и само 2 останати. Во 1994 година селото има 4.488 жители, од кои 4.459 Албанци, 28 Турци и само 1 останат.

Пописот од 1991 година не го одржиле во селото Студеничани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради тоа што за таа пописна година, во селото ги нема сите податоци.

Според последниот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5.786 жители, од кои 160 Македонци, 5.585 Албанци, 2 Турци, 2 Срби, 2 Бошњаци и само 35 останати. Следува табела на националната структура на населението:[7]

Националност Вкупно
Македонци 160
Албанци 5.585
Турци 2
Роми 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 2
останати 35

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.648
1953 2 1.635 70 ... 7 1.714
1961 1 1.567 112 ... ... ... 2 1.682
1971 1 2.190 118 ... ... 6 2.315
1981 3 2.067 708 ... 482 3.260
1994 4.459 28 ... 1 4.488
2002 160 5.585 2 2 2 35 5.786

Родови[уреди | уреди извор]

Албански муслимански родови:

  • Гола - најстар род кои своето име го добиле по некој предок кој бил „гол и сиромав“, поради што може да се смета дека водат потекло од исламизирани и поалбанчени македонски староседелци
  • Реџалар, Шумбат, Љилалар, М'нче, Ибишалар (сите по потекло од Албанија), Думолар (од областа Љума во северна Албанија)
  • Калаа и Калес (двата од областа Калис во Северна Албанија)
  • Карче (од селото Бицај во областа Љума, северна Албанија)
  • Мецуљ, Џокалар, Саладан, Имералар (сите од Северна Албанија)[9].

Македонците живеат во последните три-четириесетина куќи на крајот на Драчево, позади Православната богословија, игралиштето и зградата „Оксиген“ и училиштето „Св. Климент Охридски“, кои се водат на улицата Студеничанска и потпаѓаат под катастарската и административно во селото и општина Студеничани. Тие припаѓаат на македонските староседелски родови од Драчево: Весковски, Јаковчевци, Полтурчиновци, а некои се и подоцна доселени Стојановски, Цветановски и др.

Личности[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Дел од населението се занимава со земјоделство, најмногу со одгледување тутун, пченица, зеленчук (пиперки, марули), лубеници, јагоди. Крај самиот пат кон Зелениково кој минува непосредно крај селото работат и повеќе авто-сервиси, вулканизери, перални за автомобили, ресторани за прослави, металски работилници, а во селото постојат и повеќе салони за мебел, продавници за различна стока, меѓу кои и големиот увозник на пластични материјали „Бурдем Пластик“. Дел од населението се занимава и со трговија и препродавање на земјоделски производи на скопските пазари.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386-387. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр. 110
  4. Соколоски, Методија (1984). Турски документи за историјата на македонскиот народ. VI. Скопје: Архив на Македонија. стр. 126–127.
  5. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.110
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.110-111
  10. Феми Јонузи — Собрание на РМ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]