Црвена Вода (Скопско)
За селото во Општина Дебрца, видете Црвена Вода.
Црвена Вода | |
Поглед на селото | |
Координати 41°51′27″N 21°27′32″E / 41.85750° N; 21.45889° EКоординати: 41°51′27″N 21°27′32″E / 41.85750° N; 21.45889° E | |
Општина | ![]() |
Население | 46 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1000 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25026 |
Надм. вис. | 812 м. м |
![]() |
Црвена Вода — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје, во областа Торбешија. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 46 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Црвена Вода се наоѓа во Скопската Котлина, поточно во нејзиниот југозападен дел, на територијата на Општина Студеничани и областа Торбешија. Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, а надморската височина е 812 м. Градот Скопје се наоѓа на оддалеченост од 22 километри. Атарот на селото изнесува 8,5 квадратни километри.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 170 жители муслимани (Албанци).[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението во селото се занимава со полјоделство и шумарство. Обработливата површина изнесува 122 хектари, шумите изнесуваат 559 хектари, а пасиштата - 70 хектари.
Демографија[уреди | уреди извор]
Црвена Вода е мало село, а бројот на жители во 1994 изнесувал 47, сите Албанци. Бројот на жители во 1961 бил 247. До средината на педесетите години од XX век ова село како и останатите од областа Торбешија било населено со Македонци - Муслимани т.н. Торбеши по кои е добиено името на областа и Турци, кои во крајот на педестите масовно се имаат иселено во Турција. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 46 жители, сите Албанци.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
За време на избори се гласа во подрачното училиште, во кое гласаат и жителите на околното скопско село Калдирец.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во селото постои подрачно училиште.
Литература[уреди | уреди извор]
- Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 312 стр.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Црвена Вода на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|