Умово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Умово
Умово во рамките на Македонија
Умово
Местоположба на Умово во Македонија
Умово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°52′5″N 21°25′42″E / 41.86806° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.86806; 21.42833Координати: 41°52′5″N 21°25′42″E / 41.86806° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.86806; 21.42833
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25136
Надм. вис. 775 м
Умово на општинската карта
Умово во Општина Студеничани.svg

Атарот на Умово во рамките на општината
Commons-logo.svg Умово на Ризницата

Умово — целосно раселено село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, јужно од градот Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 425 жители муслимани (Македонци).[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948783—    
1953825+5.4%
196164−92.2%
197117−73.4%
198135+105.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според пописот од 2002 година, во селото Умово немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 425 783 825 64 17 35 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Умово било торбешко село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Јонузовци (37 к.) доселени биле од некое село Умово кај Дебар (дебарско). Доселени биле пред околу 270 години, се знае следното родословие: Зибер (жив на 78 г. во 1950 година) Асим-Амет-Етем-Алија-Суљо, кој се доселил. Јонузовци се делат на следните гранки: Мемедовци, Рашитовци, Имеровци, Шаиновци, Максутовци, Зенеловци, Аметовци, Абазовци, Ќаиловци, Везуловци, Саитовци и Зеадиновци; Алиовци (12 к.), Мамутовци (8 к.), Скендеровци или Дебрановци (14 к.), Јусуфовци (12 к.), Ноомалци (11 к.), Бектешовци (6 к.), Дичевци (3 к.), Аџовци (4 к.), Ејуповци (3 к.) сите овие родови имаат место на потекло како и првиот род; Карличовци (2 к.) доселени се од некое село Карлици во Дебарско; Дошлаковци (3 к.) доселени се од некое село во Река; Печковци (3 к.) они единствено потекнуваат од предок Албанец, кој кога дошол во селото зборувал албански, но мешајќи се со Торбешите го примил македонскиот јазик. Основачот на родот бил доселен од околината на Пеќ во Косово.[7]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1950 година од селото имало иселено 29 семејства во Скопје, и во Турција 32 семејства.[7] Од тогаш до денес има уште повеќе иселеници, со што денес селото е целосно иселено.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]