Ласкарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ласкарци
Ласкарци is located in Македонија
Ласкарци
Местоположба на Ласкарци во Македонија
Координати 41°58′18″N 21°12′32″E / 41.97167° СГШ; 21.20889° ИГД / 41.97167; 21.20889Координати: 41°58′18″N 21°12′32″E / 41.97167° СГШ; 21.20889° ИГД / 41.97167; 21.20889
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Област Скопско Поле
Население 1.190 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 410 м. м
Ласкарци на општинската карта
Ласкарци во Општина Сарај.svg

Атарот на Ласкарци во рамките на општината
Commons-logo.svg Ласкарци на Ризницата


Ласкарци е село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западните делови на Скопската котлина, на лево од автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десната страна на Суводолица.

Историja[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Ласкарци било село како дел од Скопската каза на Отоманската Империја.

На 13 февруари 2019 кај Ласкарци се случи голема автобуска несреќа во која автобус излета од автопатот Тетово-Скопје, што резултираше со 16 починати патници.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ласкарци живееле 275 жители, сите Албанци.[1]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ласкарци е село во Групчинска општина и има 56 куќи со 497 жители, Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.190 жители, од кои 1.189 Албанци и 1 останат. [3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 275[1] 497[2] 585 624 709 762 990 1.083 1.190

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.211
  2. 2,0 2,1 Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.22.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]