Прејди на содржината

Брест (Скопско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брест
Брест во рамките на Македонија
Брест
Местоположба на Брест во Македонија
Брест на карта

Карта

Координати 42°13′0″N 21°28′40″E / 42.21667°N 21.47778°E / 42.21667; 21.47778
Општина Чучер-Сандево
Население во атар1278 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО25014
Надм. вис.1.185 м
Брест на општинската карта

Атарот на Брест во рамките на општината
Брест на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.

Историја

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
  • Кале — доцноантички кастел спекула и збег;

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4]

Во 1913 година, селото имало 1014 жители. Било дел од Општина Бродец.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1250 Албанци.[6]

Население

[уреди | уреди извор]

На пописот од 2002 година, селото имало 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 278 жители, од кои 230 Албанци и 48 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 — 1.778 1.886 1.782 1.434 1.061 0 1.158 569 278
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Брест е албанско село.

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.

  • Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[13]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[13]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. ↑ Албанците биле забележани како Арнаути.
  4. ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
  5. ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 1 2 Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]