Визбегово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Визбегово
Визбегово во рамките на Македонија
Визбегово
Местоположба на Визбегово во Македонија
Визбегово на интерактивна карта

Карта

Координати 42°2′11″N 21°24′33″E / 42.03639° СГШ; 21.40917° ИГД / 42.03639; 21.40917Координати: 42°2′11″N 21°24′33″E / 42.03639° СГШ; 21.40917° ИГД / 42.03639; 21.40917
Општина Бутел
Население 3.748 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25138
Визбегово на општинската карта
Визбегово во Општина Бутел.svg

Атарот на Визбегово во рамките на општината
Commons-logo.svg Визбегово на Ризницата

Визбегово — населба во Општина Бутел, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Визбегово се наоѓа 6 километри северно од Скопје и 2 километри југозападно од Шуто Оризари. Населбата е поврзана со магистралата Скопје - Приштина (Качанички пат).

Историја[уреди | уреди извор]

Името Визбегово по некои сознанија од старите жители потекнува од времето кога Османлиското Царство ја окупирала оваа територија. Во овој дел на денешно Визбегово владеел бег кој се викал "Визбег" па и од тука доаѓа името "Визбегово". Старите жители на Визбегово исто така раcкажаа дека бегот којшто владеел во местото на денешно Визбегово, се населил токму во овоа место, затоа што овоа место беше и остана едно од најубавите места во Скопскиот Регион.

Во XIX век, Визбегово било село во Скопската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194884—    
195385+1.2%
1961150+76.5%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20022.817—    
20213.748+33.0%

Според пописот од 2002 година, во селото Визбегово живеат 2.817 жители, од кои 650 Македонци, 2.069 Албанци, 3 Турци, 16 Роми, 5 Власи, 46 Срби, 14 Бошњаци и 14 останати.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.748 жители, од кои 599 Македонци, 2.672 Албанци, 56 Турци, 88 Роми, 3 Власи, 40 Срби, 28 Бошњаци, 106 останати и 155 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 84 85 150 2.817 3.748
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1952 година, родови во Визбегово биле:

  • Македонци: Златевци (2 к.) во Визбегово, најстари се. Се сметаат за староседелци; Димовци (4 к.) дојдени се во втората половина на XIX век од селото Булачани, во Булачани им биле род Кралевци; Манџуковци (1 к.) и Врсаќевци (1 к.) доселени се од селото Мирковци. Таму имале истоимени роднини; Варварци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Варвара; Поповци (1 к.) доселени се од селото Бањане, таму имале истоимени роднини; Бибановци (2 к.) доселени се од селото Љубанци, таму имале истоимени роднини; Марковци (1 к.) доселени се од селото Ново Село, таму имале роднини Џуџевци.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“ во Визбегово
Цркви[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Визбегово припаѓа на Општина Бутел.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Поставен камен-темелник за изградба на нова црква во Визбегово. Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2013-09-08.
  10. Мицковиќ, Миодраг (16 ноември 2009). „Четврти „златен гонг" за Примислав Димовски“. Утрински Весник. Посетено на 2010-11-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]