Кондово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кондово
Кондово во рамките на Македонија
Кондово
Местоположба на Кондово во Македонија
Кондово на интерактивна карта

Карта

Координати 42°0′42″N 21°18′48″E / 42.01167° СГШ; 21.31333° ИГД / 42.01167; 21.31333Координати: 42°0′42″N 21°18′48″E / 42.01167° СГШ; 21.31333° ИГД / 42.01167; 21.31333
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Население 3.626 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1064
Шифра на КО 25074, 25574
Надм. вис. 275 м. м
Кондово на општинската карта
Кондово во Општина Сарај.svg

Атарот на Кондово во рамките на општината
Commons-logo.svg Кондово на Ризницата


Кондово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Сарај.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Кондово се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, во близина на Скопје. Селото е северно од Вардар и Сарај.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кондово било село во Скопската каза на Отоманското Царство.

Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кондово живееле 85 жители, сите Албанци.[4]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Кондово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

  • 1948 година — 331 жител
  • 1953 година — 368 жители
  • 1961 година — 451 жител
  • 1971 година — 797 жители
  • 1981 година — 1.857 жители

На пописот во 1994 биле попишани 2.890 жители, а на последниот попис од 2002 година селото има 3.384 жители и претставува едно од најголемите албански села во околината на Скопје. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Народ Вкупно
Македонци 15
Албанци 3.222
Турци 23
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 81
останати 42

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кондово има 3.626 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 18
Албанци 3.353
Турци 9
Роми 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 66
Други 178

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 85[4] 331 368 451 797 1.857 2.890 3.384

Родови[уреди | уреди извор]

Кондово е албанско-бошњачко село. Сите се доселеници.

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:

Албански

  • Албански родови: Љутвиовци (7 к.) и Асаноски (10 к.) тие се најстари родови во селото. доселени се од Љума во северна Албанија. Жителите од првиот род го знаат следното родословие: Реџеп (жив на 58 г. во 1963 година) Ќазим-Сулејман-Реџеп-Љутвија, основачот на родот кој се доселил; Врескало (6 к.) и Гаџалар (9 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имаат роднини. Уште подалечно потекло имаат од Горна Река. Врескало потекнуваат од селото Кракорница. Го знаат следното родословие: Муарем (жив на 50 г. во 1963 година) Хајредин-Бафти-Бајрам-Хајдин, основачот на родот кој се доселил.
  • Поалбанчени Помаци: Оџалари (4 к.) доселени се во 1878 година од околината на Пловдив во Бугарија. Основачот на родот дошол како оџа. Во каква било и да е расправија останатите албански родови на членовите од овој род им се обратуваат со Помаци.

Бошњачки

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од старите македонски родови кои живееле некогаш во селото се знае за родот Миланчеи кои се иселиле во тетовското село Доброште.

Од албанскиот род Љутвиовци има иселеници во Турција (шест семејства). исто така иселен е и родот Кондовали во селото Глумово.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  8. „Заврши доказната постапка против осомничените за убиство и за прекин на изборите во Кондово“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-02-19.
  9. „Список на пратеници“. Собрание на Македонија. Посетено на 2012-05-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]